Македонија со голем бод против Англија во Скопје

November 20, 2023
2 mins read

реклама


Одличен крај на квалификациите за македонската фудбалска репрезентација со „реми“ против Англија, најдобрата селекција во групата Ц, која претходно имаше обезбедено пласман на Европско првенство. Англичаните во Скопје имаа доминација, но беа бледи, анемични, големите и скапи фудбалски ѕвезди како Грилиш, Рајс, Александар-Арнолд и останатите, беа сопрени од големото македонско срце, од желбата на Македонија пред домашна публика да стигне до голем резултат против силната светска селекција. Избраниците на Саутгејт можеби ја имаа иницијативата, можеби имаа повќе шанси, но Македонија успеа дури и да поведе по првиот дел и на полувреме да замине со предност. И псле израмнувањето на Англија, избраниците на Благоја Милевски одиграа храбро со цел да ги сопрат Англичаните кои тргнаа решително кон победа, но Македонија успеа да се одбрани и да слави голем бод, вреден како три против големот фаворит.

Англичаните ја контролираа играта, го имаа поседот, особено до 30. минута, кога Македонија како да се ослободи од притисокот и почна да игра на половината на Англија. Кога Македонија ја имаше топката, Англија веднаш правеше пресинг за да ја освои, но и во посед, Англичаните само на моменти беа опасни по голот на Димитриевски.

реклама

Уште во 2. минута се заканија Англичаните преку Луис, но во последен миг блокираше Муслиу. Во 14. минута Рајс шутира од 20 метри ја погоди стативата од голот на Димитриевски. Веднаш потоа центаршут на Луис, Воткинс на петерецот е осамен, но премногу ноншалантно се обиде со глава, и шансата пропадна.

Во 24. минута спорен момент. Елмас излегува во супер шанса, Мегваер стартува врз него, но нема пенал. И по консултација со ВАР, судијата Глова остана одлуката непроменета.

реклама

Мирен натпревар до 38. минута, а потоа возбудувања. Еден навидум безопасен старт на Луис над Миовски, најпрво не беше санкциониран од судијата Глова. Но по следниот прекин словачкиот арбитар доби повик од ВАР, по што досуди пенал.

Барди го изведе пеналот, Пикфорд одбрани за потоа топката одново да дојде до него и да ја смести во мрежата, на голема радост на 26.000 гледачи на „Арената“.

реклама

Следуваше шанса за Англија преку Луис, кој сакаше да се извади за направениот пенал, но неговиот удар го одбрани Димитриевски. Димитриевски беше одличен и по ударот на Александар-Арнолд, за предност на Македонија на полувремето.

Во финишот од средбата и мешаница во шеснаесетникот на Македонија каде по еден дуел, остана на тревата да лежи Мегваер. Се вмешаа и останатите фудбалери, но набрзо мешаницата стивна.

Веднаш на старот на вториот дел Англија постигна гол. Сака од деснаа стрна го пронајде Грилиш, кој стрела во мрежата. Радост на гостите, но судијата Глова доби повик од ВАР. Грилиш бил во офсајд позиција, па така израмнувањето беше „поништено“.

Селекторот на Англија Саутгејт не можеше повеќе да чека. Го внесе во игра Хари Кејн, наместо „загубениот“ Воткинс, и после само 20 секунди тоа даде плод. Англичаните веднаш дадоа гол, и се чинеше дека токму тој го постигнал голот, но подоцна ќе се покажде дека Атанасов си постигнал автогол. Фоден нафрли од корнер, во 59. минута од средбата Атанасов ја зафати топката која заврши во мрежата на Димитриевски. Овојпат „чисто“ израмнување на Англија со кое им олесна и на нив, затоа што можеа да тргнат по посакуваната победа.

Англија тргна и по трите бода, но во одбраната имаше многу простор за Македонија. „Трите лава“ до пред самиот финиш не успеаја да направат посериозна прилика. Одбраната на Македонија секогаш беше на место, а на другата страна Македонија чекаше грешка и шанса од контра. Тешко се доаѓаше до голот на Англија, која притискаше жестоко, а во 84. минута тројна замена за Англија, меѓу кои влезе и Рашфорд за Саутгејт да ја спасува ситуацијата.

Во 88. минута од средбата и возбудувања пред голот на Англија. Нафрли Атанасов, а Серафимов со глава се обиде само над пречката.

Англија се префрли на половината на Македонија, но одбраната издржа на крајот за голем резултат на нашата репрезентација во финишот на овие квалификации. Резултат кој многу наликуваше на оние во минатото од Манчестер и од Саутемптон. Англија два пати успеа да се спаси во Скопје и да дојде до победа, но вечерва тоа не беше така.

https://widgets.sofascore.com/embed/tournament/4510/season/46599/standings/Qualification%20Group%20C?widgetTitle=Qualification%20Group%20C&showCompetitionLogo=true

Standings provided by Sofascore

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонската фудбалска репрезентација води со 1:0 по првото полувреме со Англија

Следно

Претставување на македонската поетеса Николина Андова Шопова на поетски фестивал во Братислава

Latest from Blog

Времен сообраќаен режим во Чаир поради градежни работи

Поради изведување градежни активности за изградба на улицата „Лазар Трпевски“ (улица „Ферид Мурат“), од денеска ќе биде воведен времен изменет режим на сообраќај во Општина Чаир. Како што информираат од ГД „Гранит“

Венецуелскиот опозициски лидер ослободен од притвор по осум месеци

Гуанипа, еден од најблиските соработници на опозициската лидерка Марија Корина Мачадо, беше во притвор во главниот град Каракас. „Денес сме ослободени. Има многу да се зборува за сегашноста и иднината на Венецуела,

Минчев: Крај на партизацијата, законот за висока раководна служба воведува мерит-систем

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во Дневникот на Сител телевизија, појасни дека станува збор за

Драган Ковачки – од армиски офицер и воен разузнавач до прв оперативец на ВМРО

Ковачки бил долгогодишен армиски офицер, кој извршувал разни должности во воената служба за безбедност. Тој ги отфрла обвинувањата на опозицијата дека дезертирал и дека не добил НАТО безбедносен сертификат поради контакти со

Лекари: Состојбата на генералот Алексеев е сериозна, но стабилна, не е во животна опасност

„Неговата состојба е сериозна, но стабилна. Нема опасност по неговиот живот и тој е свесен“, изјави неименуван извор. Генерал-потполковник Алексеев, прв заменик-началник на Генералштабот на руските вооружени сили, беше убиен во станбена
Go toTop