Над стотина градоначалници на Годишниот самит на Глобалниот парламент на градоначалници во Скопје

November 18, 2023
1 min read

реклама


Над стотина градоначалници и голем број претставници на меѓународни организации учествуваа на Годишниот самит на Глобалниот парламент на градоначалници што денеска се одржа под домаќинство на Градот Скопје, насловен „Моќни, инклузивни и грижливи градови: Обезбедување на демократија и развој со генерациите кои доаѓаат“.

Претседателот на државата Стево Пендаровски, во неговото обраќање осврнувајќи се на изградбата на Скопје после земјотресот од 1963 година рече дека Скопје не е ни прв, ни последен град погоден од катастрофа, но дека прв пат во историјата, обновата на еден разрушен град прерасна во меѓународна солидарност без преседан.

реклама

-За жал, 60 години подоцна, визијата за Скопје како град на иднината се повеќе изгледа како недостижна цел. Повеќедецениската централизација на услугите и нерамномерниот регионален развој во државава ја забрзаа миграцијата кон Скопје и доведоа до пренаселеност. Како и многу други градови во светот и Скопје, за жал, се соочи со брза и непланска урбанизација, агресивна бетонизација, узурпација на јавниот простор и намалување на зелените површини. Рапидната урбанизација ја зголеми и социјалната нееднаквост, меѓу елитните квартови и маргинализираните острови на сиромаштија кои постојат во истиот град. Прашањето со кое се соочуваме е: како да се обнови довербата меѓу самите граѓани кои живеат во градот, од една страна, и меѓу граѓаните и нивниот град, од друга, посочи Пендаровски.

Во таков случај, тој посочи, довербата се гради околу општото добро и јавниот интерес, а и ден денес, како што рече, јавниот интерес е врзивното ткиво на секоја поголема човечка заедница, од метрополите се до мегаградовите со десетици милиони жители.

реклама

-Хармонизирањето на различните потреби и интереси на илјадници, па и милиони жители е вистинското мерило за успех на градските власти. Тоа најдобро се постигнува преку враќање на општото добро и јавниот интерес во свеста на граѓаните и во животот на градот. Се разбира, тоа важи и за Скопје, потенцираше Пендаровски.

На самитот свое обраќање имаше и генералниот секретар на Конгресот за локални и регионални власти на Европскиот Совет, Метју Мори, кој ја спомна важноста на младината во општеството.

реклама

-Младите луѓе се поривот за промени во нашите општества, во нашите градови и внатре во меѓународните организации. Тоа наша одговорност и ваша одговорност, да има ја дадете таа моќ што ја заслужуваат, рече Мори, додавајќи дека Конгресот на Европскиот Совет ја применува оваа промена и веќе десет години вклучува млади луѓе во нивната работа.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, им посака добредојде на сите повеќе од 200 гости, меѓу кои повеќе од 100 градоначалници, заменици градоначалници, како и претставници на градските општини поврзани со Глобалниот парламент на градоначалници.

На Годишниот самит на Глобалниот парламент на градоначалниците, што трае три дена, покрај меѓусебните средби, се одржуваат и панел дискусии и пленарни сесии поврзани со теми од локалната самоуправа.

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Семејствата на заробените Израелци на протестен марш против израелската влада

Следно

Израелската војска бомбардираше училиште на ОН во Газа

Latest from Blog

Клиника од пеколот во Бразил: Купишта лекови со поминат рок, животни пред умирање, кеси со фетуси… (ВИДЕО)

Видеото неодамна снимено од спасувачи на животни од лажната ветеринарна клиника во Гуарулос, Сао Паоло, Бразил, го покажува најмонструозното занемарување на животните чувани во најневеројатни услови. Благодарение на заедничката операција на Цивилната

Муцунски негира дека имал средба со бугарската колешка: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, негира дека имал средба со неговата бугарска колешка, Весислава Петрова – Чамова, во Брисел и воедно потсетува дека користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот
Go toTop