Израелската војска бомбардираше училиште на ОН во Газа

November 18, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Голем број луѓе се убиени и ранети во израелското бомбардирање на училиште на Обединетите нации (ОН) во Газа, во кое се засолнети раселени лица, известува Анадолу.

Извори од здравството во регионот информираа дека израелската војска го бомбардирала училиштето Ал Факура, сместено во бегалскиот камп Џабалија, во северниот дел на Појасот Газа, во кој се засолнети голем број луѓе .

Училиштето делува во рамките на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (УНРВА).

Изворот наведува дека во израелскиот напад има голем број убиени и ранети.

Во соопштението на палестинското МНР се вели дека е бомбардирањето на училиштето Ал Факура е последното од бројните масакри што Израел ги изведе во Газа.

„Најостро ги осудуваме масовните убиства што израелските окупаторски сили ги извршија над палестинските цивили во Појасот Газа“, се вели во соопштението.

„Војната што Израел ја објави над палестинските цивили има за цел елиминирање на палестинското присуство во северниот дел на Појасот Газа“, се додава во соопштението.

Се истакнува дека овој масакр на окупаторската држава, насочен кон училиштето на УНРВА, „е ново понижување за меѓународната заедница.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Над стотина градоначалници на Годишниот самит на Глобалниот парламент на градоначалници во Скопје

Следно

Кога ќе се лечи македонското здравство? – За една деценија Македонија загубила 2000 лекари

Latest from Blog

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот на плажите

Уредувањето и користењето на охридските плажи на Општина Охрид и на ЈП „Охридски комуналец“ им носи вкупен годишен приход од приближно 700.000 евра, средства кои, според локалната самоуправа, одиграле клучна улога во

Девет месеци по новиот предлог, законот никако да се донесе: Претседателката помилува, новите правила на чекање

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, неодамна, на 2 Август – Илинден, помилува 25 осудени лица, но и годинава тоа беше направено врз основа на законските одредби донесени уште во 1993 година. Новите

Сити носи замена за Родри од Франција

Мароканскиот репрезентативец Ајуб Боудади ќе биде замената за легендарниот Родри во тимот на Манчестер Сити. Играчит на Лил, кој што е проценет на 100 милиони евра, летово ги промени националните бои и
Go toTop