БУГАРСКИОТ ВЛАДИН АВИОН ТРГНА ПО ИСТЕПАНИОТ ОХРИЃАНЕЦ Секретарот на „Цар Борис Трети“ ќе се лекува во Софија

January 20, 2023
1 min read

Истепаниот секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид, Христијан Пендиков, наместо во болницата во Скопје ќе се лекува во болницата во Софија, соопшти Амбасадата на Бугарија во Македонија.

Како што објавија бугарските медиуми, Пендиков ќе биде пренесен со бугарскиот владин авион „Фалкон“.

„По наредба на премиерот Галаб Донев, организиран е транспортот во Бугарија на граѓанинот на Република Северна Македонија со бугарско самосвест и секретар на организацијата ‘Цар Борис Трети’, Христијан Пендиков, кој синоќа беше нападнат и претепан во градот Охрид. Владиниот авион ‘Фалкон’ со екипа од Воено-медицинската академија – двајца лекари и медицинска сестра за реанимација, замина за Република Северна Македонија. Повредениот Кристијан ќе биде примен на Медицинската академија каде ќе ја добие потребната терапија“, објавија бугарските медиуми.

Како што објави Телма повикувајќи се на свои извори, во тепачката во охридскиот ресторан немало политика, туку долгогодишна нетрпеливост и недоразбирања меѓу учесниците во инцидентот, што им е познато на охриѓани.

Од СВР Охрид официјално соопштија дека 22-годишниот Пендиков синоќа пријави дека во угостителски објект во Охрид, физички бил нападнат од тројца охриѓани, од што се здобил со тешки телесни повреди. Полицијата работи на расветлување на настанот.

Според извори на Телма, кога тројцата охриѓани влегле во ресторанот, секретарот на бугарското здружение веќе седел на маса. Тој почнал да ги навредува и да ги провоцира, а по вербалните дофрлања, дошло и до физичка пресметка.

Од полиција нема потврда дека инцидентот се случил поради омраза кон Бугарите, а што точно се случило ќе утврдува истрагата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фото: Граѓаните да не ги блокираат паркинзите и улиците со предмети

Следно

Убиство во Скопје: Маж застрелан со огнено оружје, полицијата го уапси синот

Latest from Blog

Празнична посета: Коњановски на средба со муфтијата Расими во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, по повод празникот Рамазан Бајрам, денеска го посети Битолското муфтиство на покана на муфтијата Амит Расими, каде присуствуваше на традиционалната празнична баклава. Коњановски изрази благодарност за

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните

Општина Битола: Подобра инфраструктура за жителите на „Леринска“ и „Христо Узунов“

Во Општина Битола во тек се градежни активности за реконструкција на дел од коловозот на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“. Моментално, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на изведба на мешовита канализациска мрежа, која
Go toTop