Секоја година на Дрисла „гние“ струја за 20.000 домаќинства

January 5, 2023
1 min read

Високите сметки за електрична енергија удираат по македонските фирми. Домашните компании полека ја губат конкурентноста на странските пазари, а се намалува и тука, во Македонија. Ако се сублимира што очекуваат како помош од владата фирмите од прехранбената индустрија, како ,,Витаминка”, од базичната индустрија како цементарница „УСЈЕ“, и од текстилната А.Д. ,,Мода”, тоа е следново:, пишува „Само прашај“

-Субвенционирање на цената на електричната енергија.
-Вистинско законско олеснување за брзо поставување на фотоволтаици.
-Тарифи за увезените стоки кои се произведени со субвенционирана електрична енергија.
-Дозвола за увоз на алтернативно гориво и поттикнување да се изградат постројки за преработка на отпадот во Македонија.

Од овие четири мерки, инвестирањето во постројки за преработка на отпад и за добивање на алтернативно гориво, ќе значеше значителна помош во енергетскава криза. Според податоците до кои може да се дојде во Министерството за животна средина и просторно планирање, секоја година на скопската депонија „Дрисла“ гнијат 61 гигават часа (GWh) електрична енергија. Или, електрична енергија која годишно би задоволила потреби на 20.000 домаќинства.

„Само прашај“ пишува дека за да биде појасно, во „Дрисла“, која е единствена легална депонија во државава, годишно се фрлаат скоро 180.000 тони отпад. Од него би можело да се искористат околу 66.000 тони, од кои би се добиле 35.000 тони алтернативно гориво. Ако ова гориво се употреби во термоцентрали, како РЕК Битола, би било доволно да се произведат 61 GWh електрична енергија или 3,2% од производството на оваа централа во 2021 година.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Папата Бенедикт потпишал картичка за донирање на органите по смртта, но тоа нема да се случи – еве ја причината

Следно

ВИДЕО: Трогателни сцени во Рим на првиот натпревар на Болоња по смртта на Миха

Latest from Blog

(ВИДЕО) ГОРИ И ИТАЛИЈА? Протест во Милано, судири кај Дуомо повредени полицајци и демонстранти!

До вечерта – додека мали групи сè уште напаѓаа – бројот на жртви беше исклучително голем: околу 50 лица беа уапсени, вклучувајќи многу малолетници, неколку полицајци и демонстранти беа повредени, а центарот

Флик: Барселона заслужено го победи Бетис

Девет победи во девет меча за Барселона во шпанското првенство покажува дека тимот предводен од тренерот Ханси Флик е подготвен да ја одбрани титулата освоена минатата сезона. Барселона го помина и последниот

Мерц, АНГЕЛА РЕЧЕ „НЕ“ (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел смета дека Христијанско-демократската унија (CDU) не треба да соработува со крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). „Би ми било тешко да се влезе во коалиција со нив,

ВИДЕО – Проданоски: Инвестираме во патната врска меѓу Прилеп и Долнени

Се рехабилитира локалниот пат што поминува низ Мажучиште и ги поврзува општините Прилеп и Долнени, во должина од околу два километра, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според него, делницата има значајна
Go toTop