Илјадници медицински сестри повторно штрајкуваат во Велика Британија

January 18, 2023
1 min read

По историскиот прв штрајк во декември, илјадници медицински сестри во Англија денеска повторно стапија во штрајк што ќе продолжи и утре. Тие бараат повисоки плати и подобри работни услови во време кога Велика Британија се соочува со висока инфлација.

Речиси четвртина од јавните здравствени услуги се засегнати од штрајкот.

Медицинските сестри бараат зголемување на платите за 5 отсто над инфлацијата, која достигна 10,5 отсто во декември.

Разговорите меѓу Владата на Риши Сунак и главниот синдикат на медицински сестри, Кралскиот колеџ за медицински сестри, се во ќорсокак, јавија британските медиуми.

По првиот дводневен штрајк во декември, што беше без преседан во вековното постоење на синдикатот, и сегашниот штрајк, најавени се и дополнителни штрајкови на 6 и 7 февруари, при што ќе бидат опфатени повеќе болници. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Исчезна уште еден човек во Македонија: Семејството со апел за помош

Следно

Тортевски за ТВ 24: Спасовски мора да поднесе оставка за несреќата на Беса Транс

Latest from Blog

Николоски: Со засилено темпо се градат автопатите на „Бехтел и Енка“, државата отвора простор за максимална динамика на терен

Александар Николоски изјави дека со интензивна динамика продолжуваат градежните активности на автопатските делници што ги реализира компанијата Бехтел и Енка, при што Владата, како што рече, прави сè за да им овозможи

Божиновска во Белград: Македонија станува клучен партнер во енергетската трансформација

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини учествуваше на Belgrade Energy Forum 2026, еден од најзначајните регионални енергетски форуми, каде заедно со министри, претставници на Енергетската заедница, меѓународни институции и водечки експерти

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот ќе го поддржи растот и животниот стандард

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека започнале состаноците со ресорните министри за подготовка на ребалансот на Буџетот за 2026 година. Таа посочи дека процесот се одвива во услови на сериозна глобална

Николоски: Интензивно се гради на Коридорите 8 и 10д, работите на терен во полн замав

На автопатот Гостивар – Букојчани се работи на 11 од предвидените 31 километар, а реализацијата изнесува 60 проценти. На Тетово – Гостивар, пак, се работи на околу 14 километри од предвидените 17,5,
Go toTop