СТОЛТЕНБЕРГ ОД ДАВОС: Ако утре сакаме мирно решение со преговори со Русија, денеска мора да испратиме повеќе оружје во Украина

January 18, 2023
1 min read

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг побара денеска во Давос да се испрати повеќе оружје во Украина.

– Ова е клучен момент во војната и помошта за Украина треба значително да се зголеми, рече Столтенберг во интервју за Ројтерс, на маргините на Светскиот економски форум во Давос.

Тој додаде дека „ако утре сакаме мирно решение преку преговори, денеска мора да испратиме повеќе оружје“.

На прашањето дали Германија ќе дозволи испраќање на нејзините тенкови „Леопард“ во Украина, Столтенберг одговори претпазливо, велејќи дека консултациите продолжуваат, но ја поздрави одлуката на Велика Британија да испрати тенкови „Челинџер“ во Киев.

Покрај тенковите, Столтенберг рече дека на Украина и требаат повеќе системи за противвоздушна одбрана и оклопни возила, како и муниција и резервни делови, како и подобри способности за одржување на оружјето.

Тој рече дека ситуацијата на фронтот е стабилизирана во последните недели, но и дека долгите жестоки борби во Бахмут ја докажуваат важноста од испраќање повеќе оружје.

– Претседателот Путин не покажува знаци дека се подготвува за мир и затоа мора да разбере дека не може да победи на бојното поле, рече Столтенберг.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски пред светските лидери во Давос: Иако не ја почнавме војната, ние ќе ја завршиме

Следно

Тупанчевски: Разрешувањето на директорот на Управата за извршување санкции не значи дека работата е завршена

Latest from Blog

Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва

Пакетот санкции доби двопартиска поддршка во Конгресот и има за цел да го зголеми притисокот врз Русија поради нејзината војна против Украина. Мерки насочени кон рускиот извоз на енергенти. Покрај директните санкции

Дури 31 тон злато ќе го премине океанот- богатството од 4 милијарди долари би можело да заврши во Њујорк

Ова се златните резерви на Венецуела кои се наоѓаат во трезорите на Банката на Англија, а според информациите објавени од SEEbiz, се водат разговори за нивно преместување во Федералната резервна банка на

Хет-трик на Олисе, погоди и Мусијала: Баерн победи со лото резултат (Видео)

Баерн Минхен конечно се искачи на врвот од Бундеслигата, барем привремено, откако победи со неверојатни 7-0 против Унион Берлин на отворањето од четвртото коло. Победникот беше решен уште во првото полувреме, кога
Go toTop