Мајкрософт ќе укине 10.000 работни места како дел од подготовките за рецесија

January 18, 2023
1 min read

Корпорацијата Мајкрософт денеска објави дека ќе укине 10.000 работни места како дел од подготовките за рецесија и со цел да заштеди 1,2 милијарди долари. Отпуштањето е многу поголемо од намалувањето на трошоците што Мајкрософт го направи минатата година, а акциите на компанијата паднаа за околу 1 отсто.

„Следниот голем бран во индустријата ќе биде развојот на вештачката интелигенција“, рече извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела, додавајќи дека отпуштањата ќе погодат помалку од пет отсто од вработените во компанијата и дека Мајкрософт ќе продолжи да вработува на „стратешки“ позиции.

Мајкрософт ќе потроши околу милијарда долари за отпуштања, бидејќи отпуштените вработени кои имаат право да работат во САД ќе добијат здравствена заштита и права на акции за шест месеци.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ: Пред Србија е тешка година – една од најтешките во модерната историја

Следно

Стоиљковиќ: Во државата се случуваат низа на бесмислици затоа се неопходни предвремени избори

Latest from Blog

Монстер трак се заби во толпа во Колумбија: Тројца мртви, 38 повредени (ВИДЕО)

Полицијата верува дека сопирачките на возилото откажале за време на претставата што се одржа вчера во градот Попајан во регионот Каука. Снимките од инцидентот покажуваат луѓе како бегаат додека возилото се удира

БИТОЛА СО ФОКУС НА БИЗНИСОТ: Коњановски го истакна значењето на претприемништвото за развој на градот

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска имаше поздравно обраќање на Факултетот за информатички и комуникациски технологии при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, по повод почетокот на претприемачката недела насловена „Се

Коњановски: Стартапите се двигател на локалниот економски развој во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска имаше поздравно обраќање на Факултетот за информатички и комуникациски технологии при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, по повод почетокот на претприемачката недела насловена „Се
Go toTop