ЈП „Водовод и Канализација“, МКЦ и Зоолошката градина добиваат нови директори

January 18, 2023
1 min read

По завршување на мандатот за кој беа назначени в.д. директорите на ЈП „Водовод и Канализација“, МКЦ и Зоолошката градина, градот Скопје назначи нови директори со значителено работно и раководно искуство.

-За нов директор на ЈП „Водовод и Канализација“ е назначен Драган Илиевски кој е машински инженер со повеќе од 20 години работно искуство. Досегашниот директор Марјанчо Митовски кој на позицијата беше назначен од редот на вработените продолжува со ангажман како секторски директор на претпријатието.

Нов директор на Зоолошката градина е Зоран Попов, кој доаѓа од редот на вработените. Попов е економист со 20 годишно работно искуство.

Младинскиот културен центар МКЦ ќе добие нов директор по евалуацијата на биографиите за позицијата.

Косана Мазнева назначена е со нов мандат и продолжува да ја извршува функцијата директор на јавното претпријатие Комунална Хигиена, информираат од Град Скопје.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Попова Шапка под снежна покривка, утре ќе има поројни дождови, а викендов се очекува снег и во пониските места

Следно

Шарл Мишел: Јас лично се залагам за испорачување тенкови во Украина

Latest from Blog

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки. Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека

СЕРИОЗНО Е ВО ФРАНЦИЈА! – ПЛАМЕНОФРЛАЧИ НА УЛИЦИТЕ, има повредени

За време на протестот на средношколци во градот Тур во централна Франција, 16-годишно момче претрпело сериозна повреда на окото од гумен куршум, објави градската обвинителка Катрин Сорита-Минар, пренесуваат медиумите. Во соопштението се

Пријателскиот меч помеѓу македонските и шкотските навивачи мораше да биде прекинат – поради тепачка (Видео)

Пријателскиот меч помеѓу македонските и шкотските навивачи, кој традиционално се игра пред секој дуел на Македонија и Шкотска, попладнево беше прекинат. Мечот на стадионот „Алумина“ беше прекинат откако полицијата мораше да интервенира
Go toTop