Пендаровски ќе учествува на Годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос

January 17, 2023
1 min read

Претседателот Стево Пендаровски од денеска ќе учествува на Годишниот состанок на Светскиот економски форум кој се одржува во Давос, Швајцарската Конфедерација.

Според програмата е предвидено претседателот Пендаровски денеска да учествува и да говори на панел сесијата „Во одбрана на Европа“, што започнува во 08:30 часот, а на која ќе говорат и Анджеј Дуда, претседателот на Република Полска, Гитанас Науседа, претседателот на Република Литванија, како и Хозе Мануел Алваерез Буено, министер за надворешни работи, ЕУ и соработка на Шпанија и Светлана Тихановскаја – лидерка на Демократските сили на Белорусија.

Во рамки на форумот, предвидено е Пендаровски да учествува на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“, како и да оствари повеќе билатерални средби со учесници на форумот.

Годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, насловен „Соработка во фрагментиран свет“ се одржува од 16 до 20 јануари 2023 година, на кој се очекува лидери од политиката, бизнисот и граѓанското општество да се осврнат на состојбата во светот и да разговараат за приоритетите за годината што претстои.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Ново издание на 360°: Еден милион вакцини против ковид-19, вредни 10 милиони долари, одат во ѓубре

Следно

Ќе се слави Водици: Крстот во Кисела Вода ќе се фрла во базенот Расадник

Latest from Blog

Димовски: Оспорувањето на МПЦ-ОА е оспорување на македонскиот народ

Илија Димовски на социјалните мрежи објави осврт за значењето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Историјата на македонскиот народ не е само хроника на битки и договори, таа во значаен дел

Мајорка и Виљареал ги поделија бодовите

Првиот дуел од денешната програма во Примера шпанскиот фудбалски шампионат, заврши со поделба на бодовите. Мајорка како домаќин одигра 1:1, со тимот на Виљареал во интересен и неизвесен дуел. Перез го реализираше

Битола доби нова традиција: Илјадници посетители уживаа на Винскиот фестивал

Со многу емоции, благодарност и позитивна атмосфера заврши првото издание на Вински фестивал Битола, манифестација која во изминатите денови собра голем број посетители, љубители на виното, музиката и добрата забава. Организаторите преку
Go toTop