План на Бујар Османи за нормализација на ситуацијата на Косово

June 4, 2023
1 min read

Шефот на дипломатијата и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, презентираше план од 9 точки кој треба да помогне за деескалација на состојбата на северот на Косово и за враќање на мирот.

Планот што министерот Бијар Османи го објави на социјалните мрежи треба да придонесе за постигнување траен мир и стабилност, како и за враќање на косовските Срби во институциите и во демократските процеси.

Планот во 9 точки:

  1. Косово и Србија да ја реафирмираат посветеноста кон основниот договор и Охридскиот протокол;
  2. Косово да ги повлече специјалните полициски сили, а Србија да ја намали борбената готовност на вооружените сили;
  3. На полицијата на Косово, заедно со силите на КФОР и ЕУЛЕКС, да им се овозможи во целост да се грижат за редот и безбедноста на земјата;
  4. Протестите да се откажат и да се стават во функција општинските услуги за нормално функционирање на општествениот живот и да им се овозможи пристап на вработените во општините;
  5. Градоначалниците да поднесат оставки до летото годинава со што ќе се отвори патот за предвремени општински избори;
  6. Предвремени општински избори да се одржат оваа година;
  7. ОБСЕ ќе го поддржи изборниот процес преку техничка поддршка на косовските власти кои ќе ги организираат изборите, со тоа зајакнувајќи довербата меѓу заедниците;
  8. ОБСЕ ќе ги ангажира младите во програмите и процесите за помирување;
  9. ОБСЕ ќе ги стави на располагање своите капацитети за поддршка на имплементацијата со добра волја од двете страни на договорените одредби и продолжување на дијалогот.
Објавата на османи на Твитер

Во изминатите денови меѓународната заедница – САД и ЕУ, прати силни пораки на осуда на насилството и побара смирување на ситуацијата на северот на Косово.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателот Ердоган го претстави новиот кабинет

Следно

Пендаровски за ситуацијата во судството – политичката елита да даде пример и да не се јавува за да ургира за предмети

Latest from Blog

Политички земјотрес во Израел: ОПОЗИЦИЈАТА СЕ ОБЕДИНУВА ПРОТИВ НЕТАНЈАХУ

Поранешниот израелски премиер Нафтали Бенет и лидерот на најголемата опозициска партија, Јаир Лапид, објавија спојување на нивните две партии и заедничка кандидатура против Бенјамин Нетанјаху и неговата партија на изборите во 2028

Исчезна Горан Ременски од Валандово

Семејството Ременски од Валандово упати јавен апел до граѓаните за помош во потрага по нивниот исчезнат роднина Горан Ременски. Според информациите, тој го напуштил домот на 25 април околу 05:30 часот наутро.

Америка ќе користи вештачка интелигенција за управување со воздушниот сообраќај

Министерот за транспорт Шон Дафи потврди дека владата работи на интегрирање на софтверот за вештачка интелигенција во својот систем за управување со воздушниот сообраќај. Проект од 12 милијарди долари Дафи, кој некогаш

Малолетнички бракови: Изгубено детство, одземени шанси

Малолетничките бракови и неформалните заедници со малолетници во Македонија оставаат сериозни последици врз децата и нивните семејства. Често доведуваат до прекин на образованието, психолошки и здравствени ризици, нарушени семејни односи и економска
Go toTop