Дестатис: Македонија има најниски трошоци за живот во Европа

June 1, 2023
2 mins read

На пример, храната и безалкохолните пијалоци во Македонија се 62 отсто од просекот во Германија, со што се најевтини меѓу сите 40 европски земји. Тука се пресметани просечните цени на леб, месо, риба, млечни производи и јајца, масло и маслени производи. Убедливо најевтини во Европа се и цените кои ги имаат овошјето, зеленчукот и компирите во Македонија. Тие се на ниво од 45 отсто од цените во Германија

Северна Македонија е меѓу најевтините земји во Европа и е рекордер по ниски цени во многу категории, покажуваат податоците на германскиот завод за статистика Дестатис. Германските статистичари ги анализирале цените на голем број производи и услуги во различни категории во 40 европски држави. Според податоците, заклучно со март годинава, Северна Македонија е делумно поскапа само од Турција, а поевтина од сите други земји на европскиот континент, пренесува Дојче веле.

Дестатис ги анализирал цените на храната, пијалоците, тутунот, облеката, енергијата, транспортните трошоци, телекомуникациите, културниот живот и забава, како цените во хотелите и рестораните. Речиси во сите категории, анализите покажале декка Македонија нуди најниски цени, а во некои категории е и убедливо најевтина. За основа на истражувањето се земени цените во Германија и тие се појдовна точка (100 отсто) од која се прави споредбата со други држави.

Севкупно, во сите категории, цените во Македонија се на ниво од 49 отсто од цените во Германија – или обратно, тие се за 51 отсто поевтини. Генерално е поевтино само во Турција каде нивото на цените е 39 отсто од германските.

На пример, храната и безалкохолните пијалоци во Македонија се 62 отсто од просекот во Германија, со што се најевтини меѓу сите 40 европски земји. Тука се пресметани просечните цени на леб, месо, риба, млечни производи и јајца, масло и маслени производи. Убедливо најевтини во Европа се и цените кои ги имаат овошјето, зеленчукот и компирите во Македонија. Тие се на ниво од 45 отсто од цените во Германија. За споредба, во регионот на Балканот, цените во Србија се на ниво од 86 отсто од германските, во Хрватска- 76 отсто, во Грција-6 отсто, а во Албанија 77 отсто.

Цигарите, облеката и чевлите се поевтини само во Турција

Цигарите и производите од тутун се поевтини само во Турција. Цените во Македонија на тутунот се речиси една третина од цените во повеќето членки на ЕУ, а во однос на некои држави се поевтини и за пет пати. Истото важи и за облеката и чевлите. Поевтини цени во тие сектори на европско тло има само во Турција, иако цените во Македонија не се далеку од европскиот просек.

Во делот на енергетиката, четири европски држави се поевтини од Македонија. Тоа се: Турција, Србија, Албанија, Црна Гора, а Унгарија има идентични цени. Во овој дел се пресметуваат цените на струјата, гасот и други горива.

Најевтин одмор во Албанија

За телекомуникациски трошоци помалку од македонските граѓани плаќаат само Турците, Полјаците и Романците. Шест европски држави имаат поевтини алкохолни пијалоци од Македонија и тоа: Унгарија, Германија, Австрија, Италија, Полска и Романија.

За хотели и ресторани помалку од Македонија ќе треба да одвоите доколку одите во Турција, Бугарија или Албанија. Сепак, она што ќе го платите во Македонија за тие услуги е 51 процент поевтино од Германија, и повеќе од двојно помалку од земји како Швајцарија, Исланд, Норвешка или Данска. Цените на хотелските и ресторанските услуги во Грција, како традиционална дестинација за одмор на македонските граѓани, се на ниво од 7 отсто од германските, или точно 30 проценти повисоки од оние во Северна Македонија. Во Хрватска е нешто поскапо, таму за овие услуги ќе платите 34 отсто поскапо од дома. Најевтино е во Албанија и Турција каде ќе минете за 5 проценти поевтино одошто во Македонија.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кличко: Три лица, меѓу кои две деца, загинаа во руски напад рано утринава

Следно

Белата куќа испраќа пакет воена помош од 300 милиони долари за Украинците

Latest from Blog

ВИДЕО: Колона со камиони од синоќешната полициска акција од заплената на десетици тони марихуана

Десетина комбиња, пет камиони, возила на полицијата и царината вчера попладнево влегоа во просториите на поранешната фабрика ОХИС, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција која е поврзана со 5-те тони

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на
Go toTop