Кличко: Три лица, меѓу кои две деца, загинаа во руски напад рано утринава

June 1, 2023
1 min read

Неколку руски ракети беа истрелани врз главниот град на Украина оваа недела

Во воздушен напад на главниот град на Украина рано утринава загинаа три лица, меѓу кои и две деца, соопштија градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко и воените власти.

„Три лица загинаа, а четворица се ранети во областа Десњан. Меѓу загинатите во областа Десњан има две деца (5-6 и 12-13 години)“,

објави воената управа на Киев на Телеграм.

Кличко на Телеграм напиша:

„Според првите информации добиени од спасувачките екипи, во тој дел на Киев се пронајдени тројца мртви, меѓу кои две деца, има и четворица ранети“.

Неколку руски ракети беа истрелани врз главниот град на Украина оваа недела.

Во понеделникот жителите на Киев мораа да бараат засолниште поради необичен напад во текот на денот.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мурињо: Судијата имаше влијание, изгледаше како правдата да ја дели Шпанец

Следно

Дестатис: Македонија има најниски трошоци за живот во Европа

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop