АНИМАТОРКАТА ТОНКИЦА МИТРОВСКА ЈА ДОБИ НАГРАДАТА ЗЛАТЕН ОБЈЕКТИВ ЗА 2023 ОД КИНОТЕКАТА

May 26, 2023
1 min read

Аниматорката Тонкица Митровска денеска ја прими наградата Златен објектив, која се доделува на филмски работници кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија. Наградата на Митровска ѝ ја врачи директорот на Кинотеката, Владимир Ангелов.

Наградата годинава ја добива и Љупчо Константинов, композитор на филмска музика, а ќе му биде врачена во друга прилика.

Кинотеката го доделува признанието во чест на 29 мај, денот на основањето.

Родена во 1948, Тонкица Митровска е една од првите кои работеле на анимираниот филм во Македонија. Била вклучена во речиси сите филмови од опусот на Скопската анимирана школа, односно Студиото за анимација на „Вардар филм“, формирано во мај 1975. Како соработничка или сценографка, работела на повеќе од 20 домашни анимирани филмови.

Љупчо Константинов (1946) дипломирал на Музичката академија во Белград. Автор е на музиката за бројни играни, документарни и анимирани филмови, ТВ-филмови, серии и драми, како и за над 60 театарски претстави. За музиката за филмот „Среќна нова ‘49“ доби Златна арена во Пула и Бронзена плакета „Милтон Манаки“ во Битола.

Досегашни добитници на Златен објектив се режисерите Бранко Гапо, Трајче Попов, Кирил Ценевски, Коле Ангеловски и Коле Манев; тонскиот снимател Глигор Паковски; аниматорот и карикатурист Дарко Марковиќ; директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков; филмскиот работник Коста Крпач; продуцентот Панта Мижимаков; филмските критичари Илинденка Петрушева и Благоја Куновски-Доре; монтажерите Димитар Грбевски, Спасе Тасевски и Олга Лукова-Дончиќ; костимографките Елена Дончева и Зорка Тодорова-Младеновиќ.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Авганистан: Во поплавите загинаа 13 лица

Следно

Атлантик го прогласи Твитер за социјална мрежа на крајната десница

Latest from Blog

Меџити: Пешачки и велосипедски патеки за поголема мобилност на „Ферид Мурад“

Работите на улицата „Ферид Мурад“ продолжуваат со стабилна динамика, а проектот добива јасна форма на терен, кои денес одблизу ги проследи градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити. Досега се поставени и

Страмер: Уморен сум од влијанието на Трамп и на Путин врз трошоците за енергијата во мојата држава

Стармер, во интервју за Ај-Ти-Ви, рече дека порастот и падот на цените на енергенсите зависат од постапките на лидери како што се американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. „Уморен

27.000 лица одбиени на влез во ЕУ поради нов систем за гранична контрола

Од моментот кога минатата година во октомври започна постепеното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија, на повеќе од 27.000 лица им е ускратен влез во блокот, информираше денеска
Go toTop