Атлантик го прогласи Твитер за социјална мрежа на крајната десница

May 26, 2023
1 min read

Авторот, Чарли Варзел, уште во декември пишува дека ако треба Маск да се оценува само според неговите постапки како сопственик на Твитер, тогаш е правилно тој да биде наречен десничарски активист.

„Како јавна личност тој покажа безрезервна посветеност на десничарската културолошка војна против прогресивноста, а неговото купување на Твитер за 44 милијарди долари може лесно да се толкува како експлицитен политички акт за напредување на оваа конкретна идеологија. Сега сајтот без сомнение под негово раководство е променет во алтернативна социјална мрежа, која им дава закрила на крајно-десничарски инфлуенсери и ги турка нивните интереси, предрасуди, и теориите за заговор на десничарското крило на американската политика,“ пишува Варзел.

На списокот докази што ги наведува Варзел за десничарството на Твитер е тоа што Рон Десантис одлучи својата кандидатура за претседател на САД да ја објави токму на платформата; најавата дека Дејли вајр на Бен Шапиро ќе пренесе серија подкасти на социјалната мрежа, како и објавата на Такер Карлсон дека после Фокс кариерата ја продолжува со сопствено шоу на Твитер. Проблематично за Варзел е тоа што иако овие медиумски проекти немаат никаков ексклузивитет со Твитер, платформата ќе им дозволи да ги монетизираат своите содржини и со тоа ќе им отвори извор на приходи, кој инаку им е блокиран на сите други масовни социјални мрежи.

„Маск активно работеше на издигнување на конкретна десничарска анти-разбудена идеологија. Тој врати неброени сметки кои претходно беа згаснати заради прекршување на правилата на Твитер и им даде сила на тролови, бели националисти и бранители на 6 јануари.

Самата реторика на Маск се промени од тролање до директно ширење теории на заговор, а последниве месеци се интензивираше, кулминирајќи со неодамнешните анти-семитски забелешки за Џорџ Сорос. Прелистување на одговорите на Маск на сајтот го открива обемот во кој еден од најбогатите луѓе на светот го минува своето време одговарајќи им на крајно-десничарски инфлуенсери, одобрувајќи ги нивните расистички мемиња,“ анализира Варзел.

Споредбите што Варзел ги прави на Твитер со другите крајно десничарски платформи е дека Маск „се позиционира како апсолутист за слободен говор“, што тој потсетува е исто со позицијата што ја има Парлер пред да згасне, или со отвореноста на Трут соушал кон „слободен и искрен разговор.“ Потврда за тоа што го зборува, Варзел гледа и во пофалните зборови што Карлсон ги дава за Твитер како една од ретките платформи што дозволува слободен говор.

Неговата крајна оценка е дека Твитер се движи кон неизбежен колапс од причина што на платформата има се помалку левичарски инфлуенсери, па на крај десничарите ќе останат сами со себе да разговараат, а „културолошката војна не е интересна кога нема вистински конфликт“.

ИЗВОР: off.net.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

АНИМАТОРКАТА ТОНКИЦА МИТРОВСКА ЈА ДОБИ НАГРАДАТА ЗЛАТЕН ОБЈЕКТИВ ЗА 2023 ОД КИНОТЕКАТА

Следно

Првото вооружено поморско пловило без екипаж на Туркије ги започна поморските тестови со домашен мотор

Latest from Blog

Општина Битола организира втор граѓански форум за плоштадот „Гоце Делчев

Општина Битола ќе го организира вториот граѓански форум посветен на уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој ќе бидат презентирани предлог-идеите за идниот изглед и уредување на овој значаен јавен простор. Форумот

Меси го испрати рекордот на Кристијано во историја, па заплака: Поминувам низ тешки денови!

Фото: ФИФА Х Лионел Меси постигна хет-трик за прв пат во историјата на Светските првенства една недела пред неговиот 39-ти роденден. Во првиот натпревар на Аргентина на Светските првенства, Меси ги постигна

Работна посета на министерот Тимчо Муцунски на Даблин, Ирска

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе престојува во Даблин во рамки на работна посета на Ирска. За време на посетата, министерот Муцунски ќе оствари средба со министерката

Килијан е ЧУДО: Мбапе го урна рекордот на Жиру, сега е блиску и до оној на Клосе!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/equipedefrance/ Ѕвездата на француската репрезентација, Килијан Мбапе, го престигна Лионел Меси по бројот на постигнати голови на Светските првенства. Ова стана факт откако напаѓачот постигна два гола во натпреварот од првото коло
Go toTop