Кремљ негира дека Русија гаѓала станбена зграда во Дњепар

January 16, 2023
1 min read

Кремљ денеска негираше дека руските сили погодиле станбена зграда во градот Дњепар, каде, според украинските власти, руска ракета убила најмалку 36 лица.

– Руските вооружени сили не бомбардираат станбени згради, ниту цивилна инфраструктура, тие бомбардираат воени цели, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, наведувајќи дека „можно е да паднала украинска ракета за противвоздушна одбрана врз зградата“.

Според украинските власти, најмалку 36 лица, меѓу кои две деца, загинале во експлозијата на руска ракета што во саботата погоди зграда во Дњепар, а 35 лица сè уште се водат како исчезнати. Бројот на загинати денеска се искачи на 35, а потоа на 36, бидејќи спасувачките екипи пронајдоа тела под урнатините.

Коментирајќи ги најавите дека Западот ќе испрати тенкови во Украина, Кремљ денеска се закани дека ќе ги „запали“, особено оние што планираат да ги испратат Лондон и Варшава.

– Тие тенкови горат и ќе продолжат да горат, рече Песков на дневниот телефонски брифинг за новинарите.

Тој повтори дека Западот ја користи Украина за да постигне „антируски цели“ и дека Кремљ е решен да ги постигне „целите на специјална воена операција“, како што руските власти ја нарекуваат офанзивата против својот сосед.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почина Џина Лолобриџида – најубавата жена на светот

Следно

Вонреден надзор во КПД Идризово

Latest from Blog

Божиновска: Нема да има прекини во греењето, државата има доволно резерви на мазут

Граѓаните нема да почувствуваат никакви прекини во снабдувањето со топлинска енергија, иако ЕСМ побара прогласување кризна состојба. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денеска на брифинг со новинарите порача дека државата има доволно

Комерцијална банка, Алкалоид и Македонијатурист најтргувани на денот

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 22 декември 2025 година, индексот МБИ10 порасна за 0,23%, достигнувајќи ниво од 10.114,76 поени,

Храна која го олеснува живеењето ВО УСЛОВИ НА ЗАГАДЕН ВОЗДУХ

Во текот на зимските месеци, жителите на урбаните средини многу често се изложени на зголемени концентрации на загадувачки материи во воздухот, што неповолно влијае првенствено врз респираторните и кардиоваскуларните функции. Покрај стандардните

Николоски објави видео: Буквално пробиваме планини, најтешкиот дел од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со 14 галерии

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави видео од работите на автопатот Кичево-Охрид. -НАЈТЕШКИОТ ДЕЛ од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со изградба на 14 ГАЛЕРИИ кои прв пат се изведуваат во

Проданоски: Турскиот јазик е важен дел од културниот мозаик во Прилеп

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин
Go toTop