Туркије изврши уште едно тестирање на домашната балистичка ракета „Тајфун“

May 23, 2023
1 min read

РИЗЕ (АА) – Ново тестирање на турската ракета „Тајфун“ е извршено во турскиот град Ризе, јавува Анадолу.

Пред тестирањето на аеродромот Ризе-Артвин и неговата околина беа преземени опсежни безбедносни мерки.

Тестирањето на балистичката ракета „Тајфун“ е извршено во 06:44 часот по локално време, односно во 05:44 часот по средноевропско време.

Тестирањето е завршено без никакви проблеми.

Претседателот на Дирекцијата за одбранбена индустрија на Туркије, Исмаил Демир, на својот профил на социјалните мрежи објави снимка од тестирањето на ракетата „Тајфун“.

„Успешно извршивме ново пробно лансирање на ракетата ‘Тајфун’. Им честитам на сите што придонесоа, особено на РОКЕТСАН“, изјави Демир.

Пробното испалување на ракетата „Тајфун“, развиена од компанијата РОКЕТСАН, беше извршено од аеродромот Ризе-Артвин на 18 октомври 2022 година.

Балистичката ракета со краток дострел „Тајфун“ од домашно производство може да погоди цел на растојание од 561 километар за 456 секунди.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МВР на Република Српска уапси девет лица осомничени за детска порнографија

Следно

ОН: Приближно 3,1 милион лица во периодот 2015-2021 година биле жртви на убиство

Latest from Blog

Португалската федерација ќе се обиде да се смири со Роналдо

Заминувањето на Кристијано Роналдо од кампот на португалската репрезентација е главна тема во земјата, но и во фудбалска Европа. Фудбалската федерација на Португалија не сака соработката со еден од најголемите играчи во

Божиновска: Со интерконекторите и Вертикалниот коридор ја зајакнуваме енергетската позиција на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска најави дека следната недела во Србија ќе се одржи вториот министерски самит со колегите од Грција, Бугарија и Србија, по средбата во Атина

Коњановски: Полни трибини за младата репрезентација – Битола живее за спортот

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, вечерва беше дел од многубројната публика на стадионот „Петар Милошевски“, каде младата репрезентација на Македонија одигра 1-1 против Црна Гора во квалификациите за Европското првенство. Коњановски
Go toTop