ОН: Приближно 3,1 милион лица во периодот 2015-2021 година биле жртви на убиство

1 min read

ВИЕНА (АА) – Шефицата на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), Гада Фатхи Вали, истакна дека се случуваат проблеми во функционирањето на правните системи во светот и дека приближно 3,1 милион лица во периодот од 2015 до 2021 година го загубиле животот како резултат на убиство, јавува Анадолу.

Вали имаше свое обраќање во рамките на сесијата на Комисијата за спречување на злосторствата и кривична правда, одржана во Канцеларијата на ОН во Виена.

Таа рече дека речиси на секој континент во светот се случуваат конфликти и дестабилизација.

Според неа, како резултат на оваа состојба уште поголем број лица се изложени на организирано злосторство и насилство, додека, рече таа, ова ја прави правдата уште понедостапна.

Вали рече дека 30 отсто од лицата што се наоѓаат в затвор низ светот, се третирани како затвореници без да бидат судени, нешто што, според неа, покажува дека постојат проблеми во механизмот на правдата.

Таа истакна дека во случаите во кои преовладува владеењето на правото, каде што секој има пристап до правдата и каде што луѓето се заштитени од насилство и експлоатација, земјите и општествата ќе видат во најдобра положба со цел реализирање на барањата за развој.

Но, рече Вали, во светлината на случувањата во светот, очекувањата за постигнување на целите за одржлив развој за 2030 година утврдени од ОН, не се многу охрабрувачки.

„Приближно 3,1 милион лица во периодот од 2015 до 2021 година го загубиле животот како резултат на убиство во светот. Иако во 2020 година беше забележан умерен пад во убиствата како резултат на рестрикциите поради КОВИД-19, тоа брзо се промени во 2021 година“, додаде Вали.

Таа нагласи дека има потреба за една обновена решителност, со цел надминување на овие предизвици.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Туркије изврши уште едно тестирање на домашната балистичка ракета „Тајфун“

Следно

Дојави за бомби во училиштата во неколку градови во Србија, за дел е утврдено дека се лажни

Latest from Blog