Бројот на загинати во судирите во Судан порасна на 863 цивили

May 22, 2023
1 min read

КАРТУМ (АА) – Бројот на загинати во судирите меѓу суданската армија и паравоената група сили за брза поддршка (РСФ) порасна на 863 цивили, соопштија денес медицински претставници, јавува Анадолу.

Суданскиот лекарски синдикат истакна дека 3.531 лице се повредени во судирите што започнаа на 15 април.

Оттаму се додава дека 28 цивили го изгубиле животот во судирите меѓу воените соперници во градот Нјала, главниот град на провинцијата Јужен Дарфур, во последните денови.

Минатата недела синдикатот објави дека бројот на загинати во судирите е 850, а 3.394 лица се повредени.

Седумдневниот прекин на огнот меѓу армијата и РСФ треба да стапи на сила денес по разговорите меѓу двете конфликтни страни во Саудиска Арабија.

Во последните месеци се појавија несогласувања меѓу армијата и РСФ околу интеграцијата на паравоената група во вооружените сили, клучен услов за транзицискиот договор на Судан со политичките групи.

Судан е без функционална влада од октомври 2021 година, кога војската ја собори преодната Влада на премиерот Абдула Хамдок и прогласи вонредна состојба, потег што политичките сили го квалификуваа како „државен удар“.

Транзицискиот период на Судан, кој започна во август 2019 година по соборувањето на претседателот Омар ал-Башир, требаше да заврши со избори на почетокот на 2024 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ден на враќање на учениците во „Рибникар“: Се појавиле само половина од децата, делот каде што се случи масакрот не се користи

Следно

Се јави докторката обвинета дека пуштала народна музика на деца во „Рибникар“: Некој жали во тишина, некој преку медиуми

Latest from Blog

СВЕТОТ ВО ДЛАБОКА НЕИЗВЕСНОСТ – Започнува 81-то Генерално собрание на ОН

Во седиштето на ОН во Њујорк започнува 81-та сесија на Генералното собрание, каде што околу 130 шефови на држави и влади ќе дискутираат за глобалните предизвици под мотото „Обнова на довербата, управување

Божиновска: СДСМ, покажете го доказот или повлечете ги лагите – политичката борба не е лиценца за клеветење

Категорично ги отфрлам и ги демантирам лагите и тенденциозните конструкции што СДСМ ги изнесе на прес-конференцијата на 20 септември 2026 година, со кои без ниту еден доказ се прави обид да се

Манчестер јунајтед во јануари ќе купува нов напаѓач

Манчестер јунајтед би можел да има бурен јануарски преоден рок, особено во нападот. Неизвесноста околу здравствената состојба на Бењамин Шешко дополнително ги натера челниците на клубот да размислуваат за засилување во офанзивната
Go toTop