Лидерите на Г7 порачаа дека нема да се двоумат да ја поддржат Украина

May 20, 2023
1 min read

ХИРОШИМА (АА) – Лидерите на земјите на Г7 изјавија дека нема да се двоумат во поддршката за Украина и ветија дека ќе преземат нови чекори со цел Русија да дојде до неуспех, известува Анадолу.

Самитот на лидерите на Г7, што се одржува во градот Хирошима, во југозападниот дел на Јапонија, продолжува под мандатно претседавање на Јапонија.

Лидерите по вонредната седница објавија соопштение за ситуацијата во Украина, каде што Русија продолжува со своите напади.

Во соопштението се ветува дека нема да се двоумат да ја поддржат Украина и дека ќе преземат нови чекори за да се спречи руската агресија.

„Нагласуваме дека праведен мир не може да се постигне без потполно и безусловно повлекување на руските трупи и воена опрема“, порачаа лидерите на земјите на Г7.

Лидерите ги предупредија третите страни веднаш да престанат да даваат поддршка на руската агресија или ќе се соочат со големи трошоци.

Напоменато е дека во контекст на обнова на Украина „Русија мора да плати за предизвиканата штета“, а лидерите исто така ветија блиска соработка на ограничување на руската трговија со драгоцени камења.

Во изјавата е нагласено дека ќе продолжат да ја поддржуваат Украина против руската „незаконска, неодбранлива и неправедна“ војна.

„Најостро го осудуваме руското флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите нации и влијанието што оваа војна го има врз остатокот од светот“, рекоа лидерите на земјите на Г7.

Лидерите на САД, Франција, Велика Британија, Германија, Канада, Италија и Европската Унија (ЕУ) учествуваат на самитот чиј домаќин е јапонскиот премиер Кишида Фумио.

Самиот на Г7 ќе заврши на 21 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ново издание на 360°: „Бугаризација на Македонија“ – интервју со Весела Чернева

Следно

САД: Шефот за санкции станува шеф на дипломатијата за Европа

Latest from Blog

Премиерот замина на одмор

Премиерот, Христијан Мицкоски, замина на најавуваната екскурзија во Белгија, за која самиот рече дека ќе ја помине со четири дена престој во Бриж и четири во Брисел. Но од Владата за Телма

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде за време на викендот и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека утре ќе
Go toTop