Андреј Ковачев: Стево Пендаровски е иницијатор на „црните списоци“ во РСМ, ги направил на средба со службите

May 19, 2023
3 mins read

Бугарија не се однесува со Северна Македонија како што се однесува Русија со Украина, вистината е спротивна. Човековите права се клучни за ЕУ. Во Скопје ако тврдиш дека си Бугарин е проблем. Оваа земја е кандидат за Европската Унија. Го повикувам Националното собрание итно да ги усвои измените на законот за бугарско државјанство, изјави бугарскиот европратеник за БТВ

Македонскиот претседател Стево Пендаровски во јануари или февруари имал средба со нивните служби, а на таа средба станало јасно дека тој е иницијатор на „црните списоци“. Ова за БТВ го изјави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев. Според Ковачев, на овие листи се појавиле и европратеници. Тој нагласи дека на нив има 99 отсто Бугари.

Според Ковачев, ако кажеш дека Гоце Делчев се декларирал како Бугарин, нема да можеш да влезеш во Македонија.

„Може да воведат декларации на границата и ако потпишете дека Гоце Делчев се дефинирал како Бугарин, нема да можете да влезете во земјата“,

рече тој.

Според него, прашањето со нашиот сосед е многу долго, а неговиот почеток датира од 90-тите години, откако Бугарија го поддржала создавањето на Северна Македонија по распадот на Југославија.

„Бевме толку возбудени што не сметавме дека е потребно да ги разјасниме нашите проблеми надвор од територијата на Бугарија. Мислевме дека на братски начин ќе успееме да го надминеме повеќедецениското преклопување, омразата и фалсификатите и на тој начин самите да ги надминеме проблемите“,

нагласи Ковачев.

Според неговите зборови, Бугарија повеќе од 25 години молчела на оваа тема, но увери дека во секоја декларација во ЕУ пишува за дискриминација на Бугарите.

„Бугарија не се однесува со Северна Македонија како што се однесува Русија со Украина, вистината е спротивна. Човековите права се клучни за ЕУ. Во Скопје ако тврдиш дека си Бугарин е проблем. Оваа земја е кандидат за Европската Унија. Го повикувам Националното собрание итно да ги усвои измените на законот за бугарско државјанство“,

рече тој.

Според него, историската комисија е апсолутно блокирана и не работи.

„Вистината за историјата не може да ги дискриминира луѓето што живеат сега. Нема шанси да нè натерате да молчиме за дискриминацијата и историските факти“,

заклучи европратеникот.

На петмина бугарски државјани, меѓу кои и европратеникот Андреј Ковачев, пред две недели дена им беше забранет влез во Македонија. Во образложението за таквата одлука, од МНР посочија дека дел од петтемина бугарски државјани на кои им било забрането да влезат во земјава на 6 мај биле и лица за кои Министерството за внатрешни работи (МВР) имало сознанија оти претставуваат ризик по јавниот ред и безбедност. Сепак, од МНР додадоа дека европратеникот Ковачев не е еден од нив, но надлежните служби донеле одлука да му го забранат влезот и нему поради групата со која патувал.

Инцидентот со Ковачев деновиве поттикна заострена реторика меѓу официјална Софија и официјално Скопје.

Завчера премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање на генералната дебата „Обединети за Европа“ на Самитот на Советот на Европа во Рејкјавик, Исланд, заклучи дека дискурсот што се користи од страна на Бугарија кон Северна Македонија, за жал, е многу сличен на дискурсот што Руската Федерација го користи кон Украина.

Ова беше одговорот на шефот на македонската Влада на обвинувањата кон земјава што на Самитот ги изнел претставникот на Бугарија, кои Ковачевски ги оцени како целосно неосновани и рече дека доаѓаат од земја која не ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Бугарија на Самитот во Рејкјавик ја претставуваше потпретседателката на земјата, Илијана Јотова. Таа, како што пренесоа бугарските медиуми, претходно на тркалезната маса во рамките на Самитот, ги запознала учесниците со „систематското газење на правата на Бугарите во Република Северна Македонија“.

(ВИДЕО) Ковачевски од Рејкјавик: Дискурсот на Бугарија кон С Македонија е сличен со оној на Русија кон Украина  

За билатералниот спор со Бугарија, како пречка во интеграциите на Северна Македонија кон ЕУ, завчера говореше и претседателот на државата, Стево Пендаровски, на лидерскиот состанок „Руската агресија врз Украина: Нов моментум за проширувањето на EУ?“ организиран од Белградскиот центар за безбедносна политика.

Тој изјави дека пред две и пол години Бугарија почнала да изнесува барања кои немаат никаква допирна точка со ЕУ-критериумите.

„Започнаа да зборуваат за македонскиот етнички идентитет, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, дека во периодот од 1941 до 1944 тие биле администратори, а не окупатори и сето тоа беше во писмена форма дисеминирано до сите амбасадори. Таков тип на историски ревизионизам е апсолутно недозволив во секоја сериозна дискусија“,

рече претседателот Пендаровски додавајќи дека таков дијалог не прилега од страна на земја членка на ЕУ.

Пендаровски: Бугарија прави историски ревизионизам кој е апсолутно недозволив

Бугарскиот претседател Румен Радев вчера излезе со нова провокација порачувајќи дека Северна Македонија може да каже дека гради модерно општество кога ќе ги впише сонародниците на Гоце Делчев во Уставот.

На ова, премиерот Ковачевски експресно му одговори:

„Откако работната група за уставни измени ќе ги направи амандманите, значи дека наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците и наследниците на Радев во македонскиот Устав“.

Тој нагласи дека уставните измени се дел од Преговарачката рамка со Европската Унија „бидејќи ние преговараме со ЕУ, не со Бугарија“.

„И затоа сметам дека тоа е нешто што ќе тече како процес и е нешто што треба да се случи со оглед на тоа дека државата треба да стане членка на Европската Унија, бидејќи граѓаните го заслужуваат тоа“,

беше дециден Ковачевски.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија има изгубено 50.000 научници за 5 години

Следно

Ердоган упати честитки по повод 19 Мај, Денот на сеќавање на Ататурк и Денот на млади и спорт

Latest from Blog

Претседателот на КОНМЕБОЛ тврди: СП во 2030 ќе биде со 64 репрезентации!

фото: FIFA World Cup Stats (X) Претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), Алехандро Домингез, изјави дека Светското првенство во 2030 година сигурно ќе се одржи со учество на 64 репрезентации. „Следниот турнир

ПРЕСВРТ И ПРОТЕСТИ ВО УКРАИНА, Зеленски доби ултиматум: „Мора да си оди, крајниот рок е петок!“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се соочи со продлабочување на кризата околу неговото воено лидерство во понеделникот откако популарниот поранешен министер за одбрана, Михајло Федоров, кого го разреши минатата недела, ја отфрли неговата

Гостиварци пиеле фекалии од чешма од 26 јуни до 16 јули – водата содржела 48 пати повеќе колиформни бактерии од дозволеното

Гостиварци пиеле вода од чешма загадена со фекалии 48 пати над дозволените граници, покажале резултатите од земените мостри од Институтот за јавно здравје, кои што вечерва ги сподели Основното јавно обвинителство. Пумпите

Паредес одиграл три натпревари со скршено ребро

фото: GOAL @goal (X) Аргентинскиот играч од средниот ред, Леандро Паредес, ги одиграл последните три натпревари на Светското првенство со скршено ребро. Како што објави новинарот Мартин Аревало, играчот играл со оваа

Нетанјаху наскоро пристигнува во Њујорк- градоначалникот има намера да го уапси

Се очекува Нетанјаху да го посети градот во септември за Генералното собрание на ОН, објави „Њујорк тајмс“. „На Нетанјаху му е местото во Хаг“ Мамдани даде слични коментари во саботната епизода од
Go toTop