Изложба на реномираниот македонски ликовен уметник Владимир Георгиевски вечерва во Музеј галеријата во Кавадарци

May 18, 2023
1 min read

Изложба на реномираниот македонски ликовен уметник Владимир Георгиевски, ќе биде отворена вечерва во Музеј галеријата во Кавадарци, во рамките на одбележувањето на меѓународниот  ден на музеите, информираа од Кавадаречкиот музеј.

Оттаму нагласија дека Георгиевски е еден од најзначајните македонски ликовни уметници, кој зад себе остави скапоцена ризница од уметничко богатство.

Владимир Георгиевски бил роден во Скопје, на 1 јуни 1942 година. Во 1963 година матурирал во Училиштето за применета уметност во Скопје. Истата година ги започнал студиите на Ликовната академија во Белград, каде и дипломирал во 1968 година. Постдипломски студии завршил на истата академија, во класата на професор Младен Србиновиќ. По враќањето од Белград во 1972 година, го раководел уметничкиот оддел при Младинскиот културен центар, тогашен Дом на млади „25 мај“.  Меѓу 1980 и 2012  година бил професор по цртање, сликање и пластично обликување на Факултетот за архитектура во Скопје. Една деценија во 1990 – тите, предаваше и естетика на простор, историја на модерна уметност, како и сценографија на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Георгиевски беше професор и на Факултетот за аудио-визуелни уметности во Скопје.

– Неговите сценографски и костимографски решенија беа дел од многубројни театарски претстави и неколку домашни играни филмови. Добитник е на највисока државна награда, за животно остварување во областа на уметноста и културата. Неколку пати е наградуван и за неговата работа во театар. Негово дело, портрет на Ф.М. Достоевски,  е поставено во Музејот на Ф.М. Достоевски во Санкт Петербург во ноември 2012 година. Почина во родниот град, на 25 мај 2017 година. Негови дела се наоѓаат во приватни збирки во Македонија и надвор од неа. Локален Музеј – Галерија Кавадарци е дел од Музеум линк (Museumlink), во чија организација е оваа изложба. Организатори на проектот се Јасминка Намичева, кустос советник архитект во Музеј на град Скопје и Фросина Георгиевска, сопственик на уметничката колекција Георгиевски, појаснија од Музејот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Анчелоти тренер со најмногу натпревари во Лигата на шампиони

Следно

(ФОТО) Револт на српски пратеници: Извадија транспаренти „Што е смешно“ кога почна говорот на Брнабиќ

Latest from Blog

БОЖИНОВСКА – ПОПОВ: МЕРМС и МАНУ ќе ги обединат експертизата и науката за развој на енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со академик Живко Попов, претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на која беше разговарано за воспоставување поинтензивна

Денеска на Мундијалот: Стартува “Последниот танц“ на Роналдо, мега – дерби меѓу Англија и Хрватска

ФОТО:.facebook.com/PORTUGAL На програмата се нови четири средби од 23.Светско првенство. По се она што синоќа го направија Килијан Мбапе и посебно Лео Меси, сега сите погледи се вперени кон Кристијано Роналдо и

Binance останува посветен на своите европски корисници и ќе продолжи да работи во согласност со важечките закони

Binance повторно ја потврдува својата посветеност кон европските корисници и намерата да продолжи да работи во целосна согласност со важечките прописи низ целиот континент, при што ја нагласува важноста од правична, предвидлива
Go toTop