Поранешниот грчки крал денеска ќе биде погребан во Атина

January 16, 2023
1 min read

Поранешниот грчки крал Константин Втори денеска ќе биде погребан во Атина, без државни почести, но во присуство на членови на кралски семејства од повеќе држави, меѓу кои и од Шпанија, Холандија, Шведска, Данска, Луксембург итн.

Според грчките медиуми, во Атина од рано утрово собрани се граѓани кои во редица чекаат за да му упатат последен поздрав на поранешниот крал.

Константин Втори, кој минатата седмица почина на 82-годишна возраст, ќе биде погребан во поранешниот кралски имот во близина на Атина.

На погребот, грчката Влада ќе ја претставуваат вицепремиерот Панајотис Пикраменос и министерката за култура Лина Мендони.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

„СДС да не молчи, да каже дали бегството од затвор е со дозвола на Ковачевски и Зечевиќ“

Следно

Внимавајте каде паркирате: „Пајакот“ крена речиси 100 возила

Latest from Blog

Проданоски: Нови возила за прилепската пошта – побрзи и поквалитетни услуги за граѓаните

Во Прилеп денеска официјално беа доделени четири нови возила за потребите на подружницата на АД „Македонски пошти“, како дел од процесот на модернизација и унапредување на капацитетите на оваа јавна институција. Градоначалникот

Тренерот на Роналдо од Ал-Наср ќе биде нов селектор на Португалија?

Доколку Португалија доживее разочарување на ова Светско првенство, Роберто Мартинез сигурно ќе добие отказ. Според пишувањата на португалскиот печат, Федерацијата веќе бара солуции за негова замена, па во игра влезе 71-годишниот стратег

БЕБЕ УКРАДЕНО ОД КОЛИЧКА! Полицијата на нозе, ангажирани и хеликоптери

Полицијата од синоќа трага по исчезнато тримесечно бебе во Германија. Како што потврди портпаролот на полицијата за „БИЛД“, момчето наводно било грабнато од детска количка во текот на ноќта во градот Ренинген.

Коњановски: ТАВ Македонија застанува зад иднината на ФК Пелистер

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, соопшти дека ТАВ Македонија станува нов спонзор на младинскиот фудбал на ФК Пелистер. Спонзорството има за цел унапредување на квалитетот, конкурентноста и меѓународното искуство на младите фудбалери,
Go toTop