Украина: Не се согласуваме со губење на територија

May 17, 2023
1 min read

Кулеба детално го информира специјалниот пратеник на кинеската влада за принципите на обновување на одржливиот и праведен мир заснован на почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, соопшти украинското МНР

Украина нема да прифати никакви предлози за завршување на војната со Русија, што би вклучило губење територии или замрзнување на конфликтот, му порачал министерот за надворешни работи на Украина, Дмитриј Кулеба, на специјалниот претставник на Кина за евроазиски прашања и поранешен амбасадор во Русија, Ли Хуи, кој е во посета на Киев, соопшти украинското Министерство за надворешни работи.

Тоа е прва посета на Киев на висок претставник на Кина која има сè посилни врски со Москва од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

„Кулеба детално го информираше специјалниот пратеник на кинеската влада за принципите на обновување на одржливиот и праведен мир заснован на почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Тој истакна дека Украина не прифатила никакви предлози кои вклучуваат губење на територија или замрзнување на конфликтот“,

соопшти украинското МНР.

Се очекува кинескиот претставник да разговара и со официјални претставници во Русија, Полска, Франција и Германија.

Кина се воздржува од осуда на Москва и не зборува за „инвазија“, предизвикувајќи критики од европските земји и САД кои го доведуваат во прашање кредибилитетот на Кина како потенцијален посредник меѓу завојуваните страни.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Принцот Хари и Меган учествувале во „речиси катастрофална“ бркотница со автомобил со папараци

Следно

(ФОТО+ВИДЕО) Силно невреме ја зафати Србија, поплавени се улиците низ градовите

Latest from Blog

„ВРЕМЕ Е УКРАИНА ДА ДОБИЕ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ!“ Трамп повика на смена на Зеленски: „Имаше многу шанси, не искористи ниту една од нив“ (ВИДЕО)

Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, отворено повика на промена во украинското раководство, велејќи дека е време Украина да добие нов претседател наместо Володимир Зеленски. Тој ја даде изјавата пред новинарите

Во Шведска е одигран најлудиот меч во историјата, паднаа 11 гола во вториот дел, а победникот беше решен во 99-та минута (Видео)

Фудбалерите на АИК и Бромапојкарна одиграа натпревар за паметење во шведскиот фудбал, во кој беа постигнати дури 11 гола во второто полувреме. Гостите на крајот славеа со неверојатни 5-6, иако во финишот
Go toTop