(ФОТО+ВИДЕО) Силно невреме ја зафати Србија, поплавени се улиците низ градовите

May 17, 2023
1 min read

Овој бран попладне ќе се движи кон северозапад и во следните два часа може да донесе врнежи со грмежи во југозападните и јужните предградија на Белград, предупредиле метеоролозите

Силно невреме го зафати подрачјето на Војводина. Невреме пропратено со град, грмежи и ветер по 17 часот ги зафати Зрењанин и Нови Сад.

Поради обилните врнежи, улиците во Зрењанин се под вода и дождот не престанува да паѓа. Патиштата се под вода, а семафорите не работат на повеќе места во Зрењанин. Во Нови Сад врне околу еден час. Патиштата под надвозникот се исполнети со вода и сообраќајот се одвива отежнато, јавува „Данас.рс“.

Фото: „Данас.рс“

Бројни улици во градот биле поплавени по само неколку минути врнежи.

„Во вечерните часови на запад од Србија, во Срем, делови од Бачка, северен и централен Банат, локална појава на силни грмежи со голема количина на врнежи, на места дури и град, а во зоната на пороен дожд краткотрајно се очкува и силен ветар“,

се наведува во предупредувањето на Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ).

Силно невреме го зафатило и Крагуевац.

Како што соопштиле од РХМЗ, посилен дожд со грмежи се очкува да има во областа на Краљево, но и Топола, Бачка Паланка, Крагуевац и Аранѓеловац.

Овој бран попладне ќе се движи кон северозапад и во следните два часа може да донесе врнежи со грмежи во југозападните и во јужните предградија на Белград, предупредиле метеоролозите.

Според нив, за оваа нестабилност е одговорно влијанието на циклоните од централниот Медитеран.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украина: Не се согласуваме со губење на територија

Следно

Прешова: Со одлуката за платите на функционерите, Уставниот суд ја замени волјата на законодавецот со сопствената

Latest from Blog

„ВРЕМЕ Е УКРАИНА ДА ДОБИЕ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ!“ Трамп повика на смена на Зеленски: „Имаше многу шанси, не искористи ниту една од нив“ (ВИДЕО)

Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, отворено повика на промена во украинското раководство, велејќи дека е време Украина да добие нов претседател наместо Володимир Зеленски. Тој ја даде изјавата пред новинарите

Во Шведска е одигран најлудиот меч во историјата, паднаа 11 гола во вториот дел, а победникот беше решен во 99-та минута (Видео)

Фудбалерите на АИК и Бромапојкарна одиграа натпревар за паметење во шведскиот фудбал, во кој беа постигнати дури 11 гола во второто полувреме. Гостите на крајот славеа со неверојатни 5-6, иако во финишот
Go toTop