Студија: Повеќе од 4,5 милиони луѓе загинаа во војни по терористичките напади на 11 септември во САД

May 17, 2023
1 min read

ХЈУСТОН (АА) – Повеќе од 4,5 милиони луѓе загинале од војните по терористичките напади на 11 септември 2001 година во Соединетите Американски Држави (САД), бројка што продолжува да расте, покажува новото истражување на Универзитетот „Браун“ од Род Ајленд, пренесува Анадолу.

Бројките од проектот „Цената на војната“ беа објавени во понеделникот, бројки од изминатите две децении по 11 септември 2001 година кои се запрепастувачки.

Во извештајот се проценува дека речиси 1 милион луѓе (906.000-937.000) директно загинале во војните во Авганистан, Ирак, Пакистан, Сирија, Јемен, Либија и Сомалија.

Повеќе од 3,5 милиони луѓе (3.588.000-3.716.000), пак, починале индиректно од фактори поврзани со војните, како што се пропаднати економии, екстремна сиромаштија, неисхранетост и ширење на болести како што се колера и сипаници.

Бројот на директни и индиректни смртни случаи се приближно меѓу 4,5 милиони и 4,6 милиони луѓе, а бројките продолжуваат да растат поради конфликтите во светот.

„Овие војни траат за милиони луѓе низ светот кои живеат во војни и умираат од нивните последици“, се наведува во извештајот и се нагласува дека жените и децата „го трпат поголемиот товар од овие влијанија“.

Иако проектот не ја префрла вината на одредена земја, САД се посебно наведени за нивната улога во многу од овие странски конфликти по 11 септември 2001 година, особено за жртвите во изминатите 20 и повеќе години во Авганистан.

„Иако во 2021 година САД ги повлекоа воените сили од Авганистан, официјално завршувајќи ја војната што започна со нивната инвазија 20 години претходно, денес Авганистанците страдаат и умираат од причини поврзани со војната со повисоки стапки од кога било“, се истакнува во извештајот.

Проектот „Цената на војната“ истакнува дека се потребни многу повеќе истражувања за да се соберат посоодветни податоци „со цел раководење на интервенциите кои ќе спасат животи“.

„Потребни се повеќе студии за влијанието на војната во уништувањето на јавните услуги, особено надвор од здравствениот систем, врз здравјето на населението“, се додава во извештајот. „Оштетувањето на водоводните и санитарните системи, патиштата и комерцијалната инфраструктура како што се пристаништата, на пример, имаат значителни, но помалку перципирани последици.“

Проектот, исто така, ги повика владите низ светот, вклучително и на САД, да преземат одговорност за санирање на штетата нанесена од овие војни.

„Репарациите, иако не се лесни или евтини, се императив“, се заклучува во студијата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: „Додека ние победуваме никој во Туркије нема да изгуби“

Следно

Инѕаги: Никогаш не престанавме да веруваме дека овој Интер е тим за големи нешта

Latest from Blog

Фулам победнички кај Барнли

ФОТО:Fulham FC Official/FB Фулам вечерва победи на гости против Барнли со 3:2, во натпреварот од 16-тото коло од Премиер лигата. Лондонскиот тим поведе во деветтата минута преку Емил Смит-Роу, додека Лесли Угочукву

Шпанската полиција разби криминална група која шверцувала дрога со хеликоптери

Шпанската полиција во саботата соопшти дека разбила криминална група која користела хеликоптери за шверц на хашиш од Мароко. Хеликоптерите, кои можеле да носат помеѓу 500 и 900 килограми дрога, прелетале преку Медитеранот

Ролат со кокос, едноставен и совршено вкусен

Во време кога брзите и едноставни десерти се бараат сè повеќе, ролатчето со кокос без печење повторно ги освојува домашните кујни. Благодарение на едноставните состојки, овој ролат го наоѓа својот пат и

Прес-конференцијата на СДСМ е одраз на нивното мрачно минато, реагира Онлајн медиа

Онлајн медиа ја осудува прес-конференцијата на СДСМ на која партискиот портпарол јавно дискредитираше медиуми, кои се членови на здружението на електронските медиуми. „Потегот на СДСМ е само одраз на едно мрачно минато
Go toTop