Инфантино во проблеми: Го моли Трамп да го “спаси“, ама претседателот на САД не му одговара на повиците!

August 3, 2026
1 min read
фото: Football Tweet (X)

Зарем навистина Џани Инфантино мислеше дека со Доналд Трамп може да се прави договор и истиот да се почитува? А што мислеше кога “влезе“ во “дил“ со првиот човек на САД?

И ете, сега го моли по секоја цена да го „спаси“, ама Трамп не му дига телефон, едноставно го откачи.

Имено претседателот на ФИФАпобарал помош од администрацијата на Доналд Трамп за да ја зачува својата позиција, тврди „Њујорк пост“. „Пост“ објави дека Инфантино договорил приватна средба со американскиот државен секретар Марко Рубио, бидејќи расте притисокот тој да поднесе оставка поради неуспешниот план за продажба на комерцијалните права на Светското првенство на приватниот фонд на Џош Кушнер.
„Тој сакаше да го контактира секретарот и да разговара за тоа како фудбалот може да послужи како форма на „мека моќ“ за Америка“, рече еден инсајдер.

Но, на сите им е јасно дека сето ова се однесува на зачувување на неговата позиција. Ништо друго не е важно во овој момент“. Друг извор рече дека швајцарско-италијанскиот спортски функционер се чувствува „изолиран“ поради низа негативни медиумски извештаи и бара влијателни сојузници кои јавно ќе го поддржат.

Сепак, помошникот државен секретар на САД, Дилан Џонсон, го негираше написот на „Њујорк пост“ за претседателот на ФИФА, велејќи дека „нема планови државниот секретар Марко Рубио да се сретне со Инфантина“.
Извори тврдат дека 56-годишниот Инфантино постојано се обидувал да го контактира 80-годишниот Трамп по телефон од петокот, кога неговиот план за продажба на комерцијалните права пропаднал. „Пост“ прв објави дека обидот на Инфантино да ги издвои правата за емитување, спонзорство, лиценцирање и билети бил блокиран по противењето на фудбалските асоцијации ширум светот.
Пропаѓањето на планот предизвика отворен бунт против раководството на Инфантино во рамките на непрофитната организација со седиште во Цирих. Еден функционер на ФИФА изјави за „Пост“ дека неговите колеги сакале да го отстранат како дел од акцијата што ја нарекле „Проект: Убиј го чудовиштето“.

Кевин Ламур, директор за операции на ФИФА, во петокот изјави за „Асошиејтед прес“ дека се чувствувал „измамен“ од потезите на Инфантино, додавајќи дека не бил свесен за тајните преговори.
Планот предвидувал создавање нова подружница, „ФИФА Форвард Ентерпрајз“, за управување со комерцијалните операции. „Трајв Капитал“, инвестициски фонд предводен од Џош Кушнер, помладиот брат на зетот на Трамп, Џаред, требало да преземе 20 проценти од акциите за нешто повеќе од 4 милијарди долари.
Планот, за кој првпат објави „Тајмс оф Лондон“, ги налути фудбалските лидери ширум светот, кои тврдат дека дознале за него од медиумите.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фнидек во вонредна состојба по мигрантската криза

Latest from Blog

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење

Пожарот во кавадречко повторно е реактивиран и проширен на тешко пристапен терен, информира денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Тој додаде дека два „ер трактори“ на ДЗС започнале

Ждрепка за плеј-оф: Црвена звезда и Динамо (З) со реални шанси да стигнат до ЛШ

фото: FK Crvena zvezda (X) Белградска Црвена звезда ќе има отворен пат кон завршниот дел од Лигата на шампионите. Имено, по денешната ждрепка за плеј-оф колото, „црвено-белите“ имаат реални шанси да сметаат

Се преполови човекот: ВАКВА ЗАГУБА НА ПАРИ БИ “УБИЛА“ И ДРЖАВА, НО НЕ И НЕГО!

Илон Маск, сопственик на компаниите „Тесла“ и „Спејс Екс“, изгуби дури 646 милијарди долари лично богатство за само шест недели, според најновиот индекс на милијардери на „Блумберг“. Иако ова е еден од

На граничните премини се чека околу еден час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање
Go toTop