Пиоли: Никој не верува дека Милан може да се пласира во финалето, но…

May 16, 2023
1 min read

Милан доживеа пораз од Интер од 2-0 во првата средба од полуфиналето на Лигата на шампионите, но има уште еден меч на кој можат да ги поправат работите и истиот е закажан за денес од 21 часот.

Многумина не веруваат дека „росонерите“ имаат сила и моќ да се вратат во игра и обезбедат финале во Истанбул, но тренерот Стефано Пиоли има сосема поинаков став и верува дека неговата екипа ќе има што да покаже против градските ривали.

-Тие се подготвуваат на најдобар можен начин, имаат голема одлучност, да бидат подобри од првиот натпревар и да го добијат мечот. Не е лесно да се подготвувате за утре, но имаме важна цел на ум: да го добиеме натпреварот за да се пласираме во финалето како што никој не предвидува. Сега повеќе од кога било, никој не верува дека Милан може да го достигне финалето. Знам дека можеме да играме одличен натпревар.Ние сакаме да настапиме на високо ниво. Нивото од второто полувреме нема да биде доволно, имаме можност да го подигнеме. Тоа е долг натпревар, сакаме да го започнеме добро, а потоа да останеме во него и да ги искористиме нивните грешки.Не сме разговарале за Специја, само за утре. Ова се мечеви што некои играчи сонуваат да ги доживеат. Знаеме дека започнуваме со минус, но имаме квалитет за пресврт, -порача Пиоли кој порача дека Милан мора да биде екстра внимателен при прекините.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ССМ контра Бесими: Неразумна е изјавата дека ако сега се зголемат платите во јавниот сектор тоа ќе влијае на инфлацијата

Следно

Руските сили извршија исклучително интензивен воздушен напад врз Киев, велат локалните власти

Latest from Blog

Канада ќе го урне училиштето, во кое се случи масакр

Одлуката за уривање на средното училиште е донесена по состаноците на училишниот одбор со жртвите, членовите на семејствата и локалната заедница, објави премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Еби. „Сакаме да се осигураме

САД им ги укинаа визите на 27 лица- дистрибуирале порнографски слики со деца на „Дизни“ бродовите

Американската служба за имиграција и царина им ги одзеде визите на 27 лица, претежно од Филипините, вклучувајќи и некои кои работеле на бродови на „Дизни Круз Лајн“, под сомнение за примање, поседување,

Државата го турка проектот за рудникот Крстов Дол: Која е фирмата што ќе копа?

Владата им дозволи на Американците да истражуваат колку количества антимон останале во рудникот „Крстов дол“ кај селото Луке, Крива Паланка. За 5 милиони долари, тоа ќе го прави австралиска компанија, која ја
Go toTop