На 27 мај ќе се полага државната матура, вели министерот Шаќири

May 12, 2023
1 min read

Ги поддржувам барањата, но мојот конечен став е дека државната матура ќе се реализира на 27 мај, како што е предвидено според рокот. Ако е потребно, од понеделник ќе испратиме и вработени од Министерството за образование и наука само за да се завршат работите, вели министерот за образование и наука

Државната матура ќе се полага на 27 мај, како што е предвидено, и покрај штрајкот на вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ). Ова денеска уште еднаш го повтори министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

„Ги поддржувам барањата, но мојот конечен став е дека државната матура ќе се реализира на 27 мај, како што е предвидено според рокот. Според податоците што јас ги добивам како министер, се прават сите подготовки да се полага државната матура. Ако е потребно, од понеделник ќе испратиме и вработени од Министерството за образование и наука само за да се завршат работите“,

рече Шаќири додавајќи дека тоа не е барање само од министерот туку и од средношколците.

Тој додаде дека ги поддржува барањата за повисоки плати на вработените во Државниот испитен центар, ама дека тоа не треба да се доведува во корелација со реализацијата на важните процеси како матурата и дека тие прашања треба да се решаваат системски.

„Ги поддржувам барањата, но треба да дојде момент за целосно нивно реализирање. Знаеме дека станува збор за мал број вработени, но причината е дека се чека системското решение со општиот колективен договор и потоа може да има дискусија помеѓу директорката на Државниот испитен центар и вработените за реализација на нивните барања“,

рече министерот Шаќири при неговата денешна посета на Кавадарци.

Денеска од Сојузот на средношколци, исто така, рекоа дека ги поддржуваат барањата на вработените во ДИЦ, но и велат дека одржувањето на државната матура е законска обврска и државата е должна да ја спроведе во законски предвидениот рок. И од Сојузот на средношколци велат дека според информациите со кои располагаат, најверојатно ќе се успее во напорот првиот екстерен испит да се полага на 27 мај, како што е планирано.

Од Сојузот на средношколци велат дека можното неодржување на државната матура најмногу ќе им наштети на матурантите кои планираат да студираат во странство, а според нивните анализи овој број изнесува 12 отсто од секоја една генерација.

Од ДИЦ вчера најавија дека продолжуваат со штрајкот и дека поради тоа во мирување ќе бидат сите процеси кои се во надлежност на Државниот испитен центар.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

„Ричард трети“ на Пројковски на Меѓународна театарска олимпијада во Унгарија

Следно

Иран го ослободи осудениот ирски државјанин Бернард Фелан

Latest from Blog

Николоски: Новата линија Виена–Охрид ќе го засили туризмот и економијата

На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид утрово слета првиот авион на „Аустриа Ерлајнс“, со што и официјално започна да функционира новата редовна авиолинија Виена – Охрид. Линијата ќе се реализира двапати

Халанд има необичното хоби кое чини над 750 илјади евра

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, изгради своја колекција луксузни чанти, кои нормално почесто се гледаат во рацете на сопругите и девојките на фудбалерите. Норвешкиот фудбалер веќе собра импресивна колекција чанти Хермес,

Проданоски: Инвестираме во инфраструктура што носи економски раст

Прилеп добива нова инфраструктурна инвестиција која треба да придонесе за економскиот развој на градот и привлекување нови инвеститори. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информираше дека се наоѓа во завршна фаза изградбата

Во Газа загина камерман на Ал Џезира- неодамна беше убиен и неговиот брат, новинар

Најмалку десет лица беа убиени во денешните израелски напади низ Појасот Газа. Неговата медиумска компанија Ал Џезира во соопштение изјави дека остро го осудува убиството на својот дописник кој работеше за каналот

Победа со пресврт на “Панцерите“: Ундав е херојот на Германците!(ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/fifaworldcup/ Германија – Брегот на Слоновата Коска 2:1.Ова е исходот од мечот од 2.коло во групата Е. „Слоновите“ поведоа со голот на Кеси во 31.минута, додека Германците израмнија со голот на Ундав
Go toTop