Аеродромот „Истанбул“ рангиран како најфреквентен во Европа

May 8, 2023
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Турскиот аеродром „Истанбул“ е рангиран како најфреквентен во Европа со просечни 1.446 дневни летови, објави Европската организација за безбедност на воздушната навигација (ЕУРОКОНТРОЛ) во својот најнов Извештај за операциите на воздушниот сообраќај кој го опфаќа периодот од 26 април до 2 мај, јавува Анадолу.

Следува аеродромот во Амстердам со 1.314 дневни летови, лондонски „Хитроу“ со 1.272 летови, парискиот „Шарл де Гол“ со 1.245 летови и аеродромот во Франкфурт со 1.194 летови.

Дневно низ Европа се реализираа 28.204 летови, бројка која одговара на 92 отсто од бројот на летови во 2019 година, пред избувнувањето на Ковид-19.

Аеродромот „Истанбул“ и аеродромот „Палма де Мајорка“, кој ја опслужува Мајорка, најголемиот остров во Шпанија, се двата аеродроми кои ги поминаа нивоата од 2019 година, меѓу првите 10 во 2023 година.

Аеродромот „Истанбул“ е рангиран на прво место, зголемувајќи го бројот на дневни летови за 21 отсто во споредба со 2019 година и 24 отсто во однос на 2022 година.

„Туркиш ерлајнс“ се рангира на третото место меѓу авиокомпаниите со најмногу дневни летови во Европа – 1.521.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Три автомобили изгореа кај Бит-пазар

Следно

Украина: Во руски напад на Киев погодена повеќекатница

Latest from Blog

VLEN shpalos pikat e platformës politike

Partia VLEN përmes një kumtese për media ka shpalosur në detaje të gjtha pikat e platformës politike, duke filluar me barazinë reale të shqiptarëne në çdo institucion. Nga VLEN theksojnë se do

Рубио: Куба ја одби хуманитарната помош, за сѐ е виновен режимот

Изјавата доаѓа во време кога Куба се справува со последиците од разорниот ураган, ослабената економија и продолжениот недостиг на гориво, објави „The Hill“. САД веќе обезбедија 6 милиони долари хуманитарна помош за

ВЛЕН официјално се обедини: Почнува нова политичка ера за Албанците во Македонија

На 9 Мај – Денот на Европа, албанската политичка сцена во Македонија доби ново поглавје. Коалицијата ВЛЕН официјално се трансформираше во единствен политички субјект, испраќајќи порака за обединување, европска ориентација и нов

ВЛЕН испрати силна порака од Конгресот: Еднаквост, правда и европска иднина

На 9 Мај – Денот на Европа, албанската политичка сцена во Македонија доби ново поглавје. Коалицијата ВЛЕН официјално се трансформираше во единствен политички субјект, испраќајќи порака за обединување, европска ориентација и нов
Go toTop