(ВИДЕО) Напад на родители на малолетни деца од Србија на турнир во Сараево: Доживеавме пекол

January 15, 2023
1 min read

Едно лице од Белград е повредено со нож во инцидент што се случил во хотел во сараевската населба Илиџа.

Како што пренесува Klix.ba, повикувајќи се на учесниците на настанот, нападнати биле група родители на млади фудбалери на ФК Звездара од Белград, кои учествуваат на меѓународен турнир.

Група од 10 до 15 маскирани луѓе влегле во хотелот во кој се наоѓале децата и нивните родители и со солзавец ги нападнале родителите на фудбалерите и се обиделе да им го украдат знамето.

Родителите ги следеле, но надвор ги пресретнала уште поголема група луѓе кои биле маскирани и имале факели и ножеви.

Потоа повторно биле нападнати родителите, а еден од нив бил повреден со нож. Дел од родителите за српските медиуми велат дека „доживеале пекол“.

„Ни рекоа: Само вас Србите ве чекавме. Што и да значи тоа, грдо е за ваков град. Децата плачеа по собите, едвај ги смиривме. Треба да играат игри. Овде сме поради нив, не дојдовме да правиме инциденти вели еден од сведоците кој дополнува дека брозо дошел специјалци и ја расчистиле ситуацијата.

Од Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево потврдија дека се случил инцидент, но без да наведат детали.

„Полицијата е известена дека на подрачјето на Илиџа има нарушување на јавниот ред и мир и дека едно лице е повредено, според првичните информации, со остар предмет и е пренесено за лекарска помош. Неговиот живот не е во опасност“, изјави портпаролот на МУП КС Мирза Хаџиабдиќ.

Според него, полицијата работи на расветлување на сите околности поврзани со овој настан.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

На разбудените им треба будење

Следно

Впечатокот на членството на ДУИ е дека Груби е клан, а Ахмети негов заштитник, вели Меџити во интервју за РСЕ

Latest from Blog

Ѓорѓиевски: Со добра организација, Скопје може да се исчисти за три дена

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, најави голема акција за чистење на главниот град веднаш по преземањето на функцијата. Во гостување во емисијата „Трилинг“ на телевизија

Кнауф се приклучи кон „Розовиот октомври“ со едукативен настан и бесплатни прегледи

Кнауф се приклучи кон глобалната кампања „Розовиот октомври“, посветена на подигнување на свеста за ракот на дојка. Во рамки на иницијативата, компанијата организираше едукативен настан и обезбеди ваучери за специјализиран преглед за

Алегри: Да бидеме среќни што извлековме реми

фото: Inside Milan (X) Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри го критикуваше настапот на Милан против Пиза (2:2). „Росонерите“ синоќа во првиот меч од новото коло во Серија А, се спасија од пораз

Почина кралицата мајка Сирикит на Тајланд, прогласена е едногодишна жалост

Тајландската кралица мајка Сирикит, која донесе гламур и елеганција во оживувањето на монархијата по Втората светска војна и која повремено се мешаше во политиката во подоцнежните години, почина на 93-годишна возраст, соопшти
Go toTop