Акар: Турските сили во последните 3 дена неутрализираа 13 терористи на ПКК во северна Сирија и Ирак

May 5, 2023
1 min read

КАЈСЕРИ (АА) – Турските безбедносни сили за три дена неутрализираа 13 терористи на ПКК во северна Сирија и Ирак, соопшти денес турскиот министер за национална одбрана, Хулуси Акар, јавува Анадолу.

„Во операциите спроведени синоќа неутрализирани се уште пет терористи. Со тоа, за три дена неутрализирани се 13 терористи во северна Сирија и Ирак“, изјави Акар на настан во централната турска област Кајсери.

„Борбата [против тероризмот] продолжува со зголемено темпо, со истата одлучност и истрајност“, додаде Акар.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, Соединетите Американски Држави и Европската Унија, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. Таа, исто така, има свој огранок во северна Сирија познат како ЈПГ.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Викендов авионско прскање против комарци

Следно

Борел: Кина не може да се смета за закана за европската безбедност како што тоа е Русија

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop