(ФОТО+ВИДЕО) Патнички авион се урна во Непал, најмалку 40 загинати

January 15, 2023
1 min read

Во авионот на компанијата „Јети ерлајнс“, кој летал од Катманду до туристичкиот град Покара, имало вкупно 72 лица. Тој, како што соопштиле локалните власти, се урнал при слетувањето, а потоа се запалил

Најмалку 40 луѓе загинаа, откако авион се урна во близина на аеродром во централниот дел на Непал, соопштија тамошните власти, пренесува Би-би-си. 

Стотици непалски војници се вклучени во спасувачката операција/Фото: EPA-EFE/BIJAYA NEUPANE

Во авионот на компанијата „Јети ерлајнс“, кој летал од Катманду до туристичкиот град Покара, имало вкупно 72 лица.  

Тој, како што соопштиле локалните власти, се урнал при слетувањето, а потоа се запалил.  

На видеo-снимка објавена на социјалните мрежи се гледа како авионот лета ниско над населено место пред да направи нагло свртување. 

Како што пренесува Би-би-си во авионот имало 68 патници, од кои најмалку 15 странски државјани и четворица членови на екипажот. 

Фото: EPA-EFE/BIJAYA NEUPANE

 Стотици непалски војници се вклучени во операцијата за спасување на местото на несреќата, кое се наоѓа во клисурата на реката Сети, на само еден и пол километар од аеродромот. 

 На видеото снимено на местото каде паднал авионот се гледа густ црн чад и запален отпад. 

 „Очекуваме да извлечеме уште тела“,

изјави портпаролот на армијата за Ројтерс, велејќи дека авионот „се распаднал на парчиња“. 

 Премиерот на Непал, Пушпа Камал Дахал свика итен состанок на неговиот кабинет и ги повика државните агенции да се вклучат во спасувачките операции. 

 Од патниците, се вели дека 53 се Непалци. Во авионот имало пет Индијци, четворица Руси и двајца Корејци. Имало и по еден патник од Ирска, Австралија, Аргентина и Франција. 

Фото: EPA-EFE/BIJAYA NEUPANE

 Воздухопловните несреќи не се невообичаени во Непал, а причина се  оддалечените писти и ненадејните временски промени кои можат да предизвикаат опасни услови за летање, наведуваат медиумите.  

 Авион на „Тара Ер“ се урна во мај 2022 година во северниот непалски округ Мустанг, при што загинаа 22 лица. 

 На почетокот на 2018 година, 51 лице загина кога авион кој сообраќаше од Дака во Бангладеш се запали при слетувањето во Катманду. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Видео од безбедносна камера покажува дека пожарот бил подметнат во дирекцијата на ЈП Паркови и зеленило?!

Следно

Ковачки: Ахмети греши кога мисли дека ДУИ и Левица одлучуваат за влада, власта ја зема и дава единствено народот

Latest from Blog

Кочанско-ПОДРУМСКИ-тајни СРЕДБИ?!

Заврши првиот круг од локалните избори, дел од кандидатите ја добија битката уште во првиот круг, дел одат во втор, а со тоа почна и пазарот со гласови. Втор круг ќе има

Детето ве вика по име наместо мама? Еве што значи тоа!

Таквата промена често предизвикува загриженост кај родителите, кои се прашуваат дали тоа е знак на емоционално дистанцирање или само нормална фаза од растењето. Според психологот Кончита Сиси Мартин, основач на клиниката „Салуд

Србија е во речиси безизлезна ситуација бидејќи Бугарија нема да дозволи транзит на руски гас, тврди српска министерка

 Тоа синоќа го изјави српската министерка за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, „Суштината е дека Бугарија нема да дозволи проток на руски гас преку гасоводот Балкански поток, што ќе и наштети
Go toTop