Делегација од општина Карпош во посета на Сараево

May 5, 2023
1 min read

Тричлена делегација од Општина Карпош предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, членот на Советот, Александар Илиески и претставничката од општинската администрација, Билјана Јованоска, деновиве се наоѓаат во пријателска посета на збратимената Општина Стари Град (Сараево).

Повод за тридневната средба е празнување на 2. мај – Денот на оваа босанска локална самоуправа, која воедно ја одбележува 31 годишнината од ослободувањета на Општина Стари Град, но и на цело Сараево, каде што се воделе пресудните битки за одбрана на независна Босна и Херцеговина.

Во таа насока, домаќините подготвија богата културно – уметничка програма, која со своето учество ја збогатија членовите на КУД „Башчаршија“, како и босанскохерцеговската актерка Медиха Муслиовиќ. Во рамки на манифестацијата, исто така беше емитуван и промотивниот филм „Стари Град – општина по европски стандарди“. На покана од градоначалникот на Општина Стари Град, Ибрахим Хаџибајриќ, на Свечената седница која се одржа вчеравечер во Бошњачкиот институт, покрај делегацијата од Општина Карпош присуствуваа и претставници на бројни граѓански здруженија, како и делегации од збратимените општини и градови од регионот и од Република Турција, информираа од општина Карпош.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еруптираше вулканот Фуего во Гватемала: Евакуирани повеќе од 1.000 луѓе

Следно

(ФОТО) Трагите од крв сведочат за синоќешниот масакр кај Младеновац

Latest from Blog

Г.Г. Стефан: Единството е најсилниот чувар на Македонија

Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, во Илинденското послание порача дека трите Илиндена претставуваат сведоштво за историскиот континуитет на Македонија и симбол на стремежот на македонскиот народ кон слобода и државност. Тој

Иднината на Вини е мистерија: Финални преговори со Реал следната недела!

фото: AFC Xtra @AFC__Xtra (X) Продолжување на договорот или потенцијално заминување. Што ќе се случи со бразилската ѕвезда во Реал (М) сè уште неизвесно, пишува „Марка“. Иднината на Винисиус останува целосна мистерија.

Потпретседателот Милошоски ја пречека коњаницата во рамки на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, денеска, во рамки на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ 2026, ја пречека коњаницата пред столбот на Крушевската Република. По пристигнувањето на коњаницата и формирањето на свечената поворка,
Go toTop