Еруптираше вулканот Фуего во Гватемала: Евакуирани повеќе од 1.000 луѓе

May 5, 2023
1 min read

ГВАТЕМАЛА (АА) – Поради ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемала, евакуирани се 1.054 лица, известува Анадолу.

Националната агенција за координација за ублажување на катастрофи објави дека повторно еруптирал Фуего, еден од најактивните вулкани во Средна Америка, на надморска височина од 3.763 метри.

Агенцијата информираше дека вулканот исфрла облаци од жежок пепел и додаде дека овие облаци би можеле да влијаат врз животите на 100.000 жители од регионот.

Официјално лице на цивилната одбрана, Оскар Косио, потврди дека се евакуирани 1.054 лица од пет населби во близина на вулканот.

Фуего е висок 3.763 метри и е еден од најактивните вулкани во Средна Америка.

Од ерупцијата на вулканот Фуего во 2018 година животот го загубија 194 лица, а исчезнаа 234.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Туркије нема да дозволи нејзината политика да биде насочувана од насловните страници

Следно

Делегација од општина Карпош во посета на Сараево

Latest from Blog

Поранешниот директор на МЕПСО од ДУИ: „Јас би го раскинал договорот со Енергоинвест“ за интерконекцијата РСМ–Албанија

Поранешниот генерален директор на АД МЕПСО, Куштрим Рамадани, кој доаѓа од редовите на ДУИ, пред една година во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21, околу проектот Интерконекција Северна Македонија – Албанија и договорот со

Спектакуларно затварање на Танц фест во Битола: Рисима Рисимкин со „Будење“ ја спушта завесата

Со моќната изведба на „Будење“ во кореографија на Рисимна Рисимкин во која настапуваат 30 танчери на 5-ти мај во 20:00 часот во Народниот театар Битола ќе се затвори 22-то издание на „Танц
Go toTop