Фото: Скопјани оваа година дишат многу поопасен воздух во однос на истиот период лани

January 15, 2023
1 min read

Наместо да има подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје, со текот на времето бележиме поопасен воздух што го дишеме, пишува Мета.мк во својата анализа.

Главниот град во текот на минатиот месец дишеше поопасен воздух во споредба со декември 2021 година, со поголем број на денови кога се надминати дозволените среднодневни концентрации на ПМ-10 и ПМ-2.5 честички во воздухот, покажуваат резултатите од мерењата на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитетот на амбиенталниот воздух на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Притоа, резултатите од мерењата за присуство на ПМ-10 честичките во Лисиче за декември 2022 година покажуваат дека дури девет дена од месецот имало екстремно загаден воздух, кога среднодневните концентрации на овие загадувачки честички биле над 150 микрограми на метар кубен – загрижувачка граница поради која властите го вклучуваат прагот на алармирање.

Заедно со ПМ-10 честички, воздухот во Лисиче изминатиов месец бил “богат” и со ПМ-2.5 честички. Да напоменеме дека максимално дозволената среднодневна концентрација на ПМ-2.5 честички во воздухот е 25 микрограми на метар кубен. На 23 декември, во Лисиче бил измерен 24-часовен просек на присуство на ПМ-2.5 честички од 259 микрограми на метар кубен, што е за фантастични 10 пати повеќе од максимално дозволената граница.

Воедно, дури 30 од вкупно 31 ден во месецот на мерната станица во Лисиче е измерено надминување на дозволената среднодневна концентрација на ПМ-2.5 честички во воздухот, покажуваат резултатите од месечните извештаи објавени на веб-страницата на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитетот на амбиенталниот воздух на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Дека во декември 2022 година се дишел поопасен воздух од истиот месец од претходната година, докажуваат и официјалните резултати кои се добиени и од другите мерни станици во Скопје.

Па така, мерната станица „Ректорат“ спроти трговскиот центар „Мавровка“ покажува полоши резултати во декември 2022 година. Кога станува збор за присуството на ПМ-10 честички во воздухот, измерено е дека во 16 денови од овој месец била надмината максимално дозволената гранична вредност за 24 часа од 50 микрограми на метар кубен. Притоа, во текот на три дена од минатиот месец воздухот бил екстремно загаден, при што концентрациите на ПМ-10 честички биле над 150 микрограми на метар кубен.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Осуден убиец избега и рани полицајци, а Спасовски и Ковачевски со денови не можат да го најдат, дали СДС намерно го пушти да избега?

Следно

Рамноземјашите да одморат, на ред се крофнашите

Latest from Blog

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,
Go toTop