Започна најголемата аукција на накит во историјата: Продажба на накитот на милијардерката Хајди Хортен

May 4, 2023
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Продажбата на накитот на милијардерката, австриската наследничка, Хајди Хортен, која почина во јуни 2022 година на 81-годишна возраст, започна вчера со онлајн аукција, јавува Анадолу.

Најспектакуларните околу 400 парчиња накит ќе бидат понудени следната недела во Женева, Швајцарија, изјави портпаролката на аукциската куќа „Кристи“ за швајцарскиот дневен весник „Аргауер цајтунг“.

Уште 300 парчиња треба да се најдат на аукција наесен.

Едно од највредните парчиња е дијамантскиот ѓердан со дијамантот „Бриолет оф Индија“ во форма на солза, тежок 90 карати. Легендата вели дека ѝ припаѓал на Елеонор од Аквитанија, кралицата на Франција, уште во 12 век.

Сепак, според Советот за природни дијаманти, постои и приказна дека дијамантот потекнува од Јужна Африка и му припаѓал на Пјер Картие, кој измислил егзотична приказна за да ја зголеми неговата вредност. Ѓерданот се проценува на 15,6 милиони долари.

„Кристи“ ја проценува вкупната вредност на колекцијата на околу 150 милиони долари. Ова ќе ја направи највредна приватна колекција на накит продадена на аукција.

Приходите од продажбата се наменети за Колекцијата на Хајди Хортен во Виена, која вклучува обемна збирка уметнички дела, како и за медицински истражувања. Хортен го отвори музејот во Виена неколку дена пред нејзината смрт во јуни 2022 година.

Хајди е наследничка на Хелмут Хортен (1909-1987) кој ги постави темелите за своето богатство за време на нацистичката ера, кога ги презеде стоковните куќи од обесправените Евреи. Хајди Хортен имаше подготвен експертски извештај од кој на почетокот на 2022 година беше заклучено дека Хортен земал од украдениот имот од страна на нацистите.

„Кристи“ планира да донира дел од приходите од аукцијата на организација вклучена во истражување и едукација за холокаустот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО) Илјадници граѓани во Белград и во Нови Сад им оддадоа почит на жртвите од трагедијата во Врачар  

Следно

Трагедијата на Врачар ги затекнала и лекарите на Итната помош: Тоа е стрес за кој не се подготвуваш на факултет

Latest from Blog

Цуцковски: „Охридско лето“ го надмина очекуваното со рекордна посетеност

Со врвна уметност, голем интерес од публиката и рекордна посетеност и продажба на билети, вечерва беше затворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, информира директорот на фестивалот, м-р Ѓорѓи Цуцковски. Цуцковски посочи

Проданоски: Нема директна опасност за Крушевица и Чаниште, сите сили се на терен

Во моментов активни се четири краци од пожарот во Мариовскиот регион, но сите се надвор од населените места и нема директна опасност за Крушевица и Чаниште, ниту за имотите на граѓаните, информира

Гави го одби Јунајтед, клубот од “Олд Трафорд“ нудеше 40 милиони евра!

ФОТО:facebook.com/fcbarcelona/ Гигантот од “Олд Трафорд“ никако не успева ова лето да дојде до големо, екстра засилување. Манчестер Јунајтед никако не успева да ги оствари своите трансферни цели оцва лето. Најновиот удар за

Муцунски ги најави трите приоритети на Амбасадорскиот совет

Заштита на македонските национални интереси, потенцијалот на дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија и заштита на граѓаните кои живеат надвор од границите на нашата држава се трите стратешки национални интереси, кои
Go toTop