(ФОТО) Илјадници граѓани во Белград и во Нови Сад им оддадоа почит на жртвите од трагедијата во Врачар  

1 min read

На Врачар и на Цветниот плоштад граѓаните им оддадоа почит на жртвите положувајќи цвеќе, палејќи свеќи и оставајќи играчки. На плоштадот, пред училиштето и низ околните улици низ кои минуваа луѓето не се слушаше ништо – освен тишина, ја пренесуваат српските медиуми траорната атмосфера

Неколку стотици граѓани во средата вечерта се собраа пред основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградската општина Врачар, каде што беа убиени осум ученици и еден вработен во обезбедувањето на училиштето. 

Луѓе оставаат цвеќе и палат свеќи во близина на училиштето „Владислав Рибникар“/Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

На Цветниот плоштад, како што пренесува Н1, кој се наоѓа во близина на училиштето каде што денеска наутро се случи трагедијата, се собраа неколку илјади граѓани. 

На Врачар и на Цветниот плоштад граѓаните им оддадоа почит на жртвите положувајќи цвеќе, палејќи свеќи и оставајќи играчки.  

Почит на жртвите се оддаваше и на Плоштадот на слободата во Нови Сад, каде што исто така излегоа голем број граѓани.  

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Меѓу неколкуте илјади луѓе кои се собраа на Цветниот плоштад имаше родители со деца, млади и ученици, видно вознемирени од трагедијата во училиштето во Врачар.  

На плоштадот, пред училиштето и низ околните улици низ кои минуваа луѓето не се слушаше ништо – освен тишина, ја пренесуваат српските медиумите траорната атмосфера. 

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Дел од граѓаните, како што пренесува Н1, се упатиле и кон Министерството за образование каде што се одржал краток протест, а насобраните извикувале „Оставка“.

Тринаесетгодишниот К. К., ученик во „Владислав Рибникар, во средата околу 8 часот со пиштол застрела и уби осум ученици и вработен во обезбедувањето на училиштето. Во пукањето се ранети уште шестмина ученици и наставничка, кои со тешки повреди се пренесени во Клиничкиот центар на Србија, каде што на дел од нив се извршени оперативни зафати.  

Осомниченото момче, како што соопшти полицијата, подолго време го планирало нападот. Имал список со имиња и скица, која, како што рекоа од полицијата, изгледала како да е од видеоигра или хорор-филм. 

Оружјето со кое пукал малолетникот го зел од својот татко, а во ранецот му биле пронајдени и четири молотови коктели.  

Од Вишото јавно обвинителство (ВЈО) Белград соопштија дека осомничениот не подлежи на кривична одговорност бидејќи станува збор за малолетник кој сè уште нема наполнето 14 години.  

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на вонредна прес-конференција меѓу другото рече дека до Владата ќе предложи 10 мерки, од кои една е да се ревидира старосната граница за кривична одговорност од 14 на 12 години.  

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Одложена претставата „Птица со глава меѓу нозе” во Драмски театар

Следно

Започна најголемата аукција на накит во историјата: Продажба на накитот на милијардерката Хајди Хортен

Latest from Blog