Анкара: Не сме во позиција да го ратификуваме влезот на Шведска во НАТО

January 14, 2023
1 min read

Шведска и Финска се откажаа од децениската цврста воена неутралност и аплицираа за членство во НАТО по руската инвазија на Украина минатата година, но Турција ги обвини двете земји дека служат како засолниште на курдски милитанти и постави услови до Стокхолм и Хелсинки да преземат мерки против курдските групи во замена за согласност од Анкара за нивен прием во Северноатлантската алијанса

Официјална Анкара денеска објави дека „не е во позиција“ да го ратификува членството на Шведска во Северноатлантската алијанса (НАТО), и покрај чекорите што Стокхолм ги презеде за исполнување на условите на Турција. 

Ибрахим Калин, портпарол и советник за надворешна политика на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган/Фото: Википедија

 „Не сме во позиција да го испратиме законот (за ратификација) до парламентот“,  

рече Ибрахим Калин, портпарол и советник за надворешна политика на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во обраќањето пред новинарите, пренесе новинската агенција АФП.

 Шведска и Финска се откажаа од децениската цврста воена неутралност и аплицираа за членство во НАТО по руската инвазија на Украина минатата година. 

 Турција и Унгарија се единствените членки на Алијансата кои сè уште не го ратификувале членството на двете нордиски земји во своите парламенти. 

Анкара тврди дека Шведска не исполнила голем број обврски што двете земји ги преземаа на самитот на НАТО во јуни 2022 година. 

Ердоган потоа ги повлече своите приговори за членството на Шведска и Финска со услов двете земји да преземат мерки и „да се справат“ со курдските групи во овие земји. 

Шведска делуваше во насока на ваквите барања и во меѓувреме го одобри уставниот амандман кој ќе овозможи построги антитерористички закони. 

 Советникот за надворешна политика на турскиот претседател, Ибрахим Калин, сепак изјави дека шведскиот парламент нема да може да гласа за измените на законот за антитероризам пред јуни и дека Анкара ќе почека дотогаш. 

 „На Шведска ќе и требаат околу шест месеци да напише и донесе нови закони“,

рече Калин. 

 На 10 јануари Шведска предупреди дека ги исполнила сите обврски од договорот со Турција за влез во НАТО, но дека Анкара бара дополнителни отстапки на кои Стокхолм не може да се согласи. 

 На 8 јануари шведскиот премиер Улф Кристерсон изрази уверување дека Турција ќе го одобри барањето на Стокхолм за влез во НАТО и рече дека Шведска нема да ги исполни сите услови кои Анкара ги постави за нејзина поддршка. 

 Финска и Шведска потпишаа трилатерален договор со Турција во 2022 година со цел да се најде решение за приговорите на Анкара за прием на двете земји во НАТО. 

Шведска и Украина поднесоа барање за приклучување кон НАТО во мај како одговор на руската инвазија на Украина, напуштајќи ја децениската политика на воено неутралност, но Турција се спротивстави на тоа, обвинувајќи ги двете земји дека служат како засолниште за милитанти, вклучително и од забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), која Анкара ја смета за терористичка организација. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мајчинско отсуство од пет и родителско од четири месеци предвидува новиот Предлог закон за работни односи

Следно

Нуредини: Ќе инвестираме 55 милиони евра во регионални депонии и за инфраструктура

Latest from Blog

ЌЕ “ПАЃА“ ЛИ КРУНАТА НА ВТОРАТА ДАМА НА САД. Развод? “Не носам бурма бидејќи перам садови“

Гласините за разводот на потпретседателот на Америка, Џеј Ди Венс, се сè почести, а дополнително се разгореа откако неговата сопруга беше видена во јавност без венчалниот прстен. Потпретседателот на Соединетите Американски Држави,

Томовски: „Јака работа“ завршил антикорупцискиот тим на СДС, го објавиле мојот број кој е јавно достапен, за клеветите следува тужба

„Од месечината се гледа дека соопштенијата и пресовите на СДС ги пишува некој со длабоки фрустрации – тотално безидеен, доволно лукративен и алчен, но истовремено уплашен и исполнет со внатрешен страв. Јасно

Хамбургер поуспешен во „голеадата“ од Вердер

Тимот на Хамбургер ја искористи предноста на домашниот терен и успеа вечерва да биде поуспешен од Вердер Бремен со конечни 3:2. Одличниот натпревар имаше пресврти, интензитет, многу шанси и конечно пет гола.

Нетанјаху: Израел и Хамас се многу блиску до втората фаза од мировниот договор

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека се очекува неговата земја и палестинското движење Хамас „многу брзо да преминат во втората фаза од прекинот на огнот“ откако Хамас ќе ги врати останките на
Go toTop