Нуредини: Ќе инвестираме 55 милиони евра во регионални депонии и за инфраструктура

January 14, 2023
1 min read

Во вторник ќе потпишеме договор со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за 55 милиони евра да инвестираме во регионални депонии и за инфраструктурата што е потребна во нашата држава. Да го решиме еднаш и засекогаш проблемот со отпадот, соопшти вечерва министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Нуредини во Дневникот на Сител појасни дека било потребно да се подготви целата документација, да имаат преговори со меѓународни партнери и донатори за да стигнат до овој момент.

Министерот за животна средина истакна дека сега имаме закони за отпад, се подготвуваат други закони, за води, за заштита на природа… Според него, следните од две до четири години ќе бидат најважни за нашата држава бидејќи, како што рече, по четири години ќе имаме пречистителни станици во Скопје, во Битола и во Тетово, ќе имаме регионални депонии, сите општини ќе добијат камиони, контејнери…

Тој изјави дека не се менува зелената агенда на ДУИ. -Се фокусираме на тој принцип. Ние сега сме пред потпишување договор за пречистителна станица во Скопје, почнавме со процедурите во Битола, за пречистителна станица. До февруари ќе почнеме со теренска процедура во Тетово. Земавме заем, 50 милиони евра, за да им помогнеме на сите општини во државата за вода за пиење и за канализација, изјави министерот за животна средина.

Министерот Нуредини апелираше граѓаните да бидат совесни и за греење на своите домови да не користат материјали кои, како што рече, можеби се канцерогени. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Анкара: Не сме во позиција да го ратификуваме влезот на Шведска во НАТО

Следно

Во Македонија ќе има мајчинско, татковско и родителско отсуство, еве што предвидува новиот закон 

Latest from Blog

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача

Прометот на Македонската берза 2,9 милиони денари, МБИ10 во раст од 0,19 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.168,17 поени. Во однос
Go toTop