Грчката полиција трага по нарачателот на убиството на новинарот Карајваз

May 2, 2023
1 min read

Грчката полиција, по уапсените две лица за учество во убиството на новинарот Јоргос Карајваз пред две години, трага по моралниот сторител, односно нарачателот на убиството, според портпаролката на полицијата Константина Димоглиду, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи за грчката телевизија ЕРТ, Димоглиду рече дека полицијата истражила над 300 видео снимки за убиството на новинарот, а истрагата продолжува.

– Очигледно е дека постоеле и соучесници, но она што ја интересира полицијата е да го пронајде моралниот сторител. Постојат информации за тоа какви контакти имал конкретниот новинар, бидејќи кога еден новинар се занимава со организиран криминал не може да добива информации само од полицијата. Очигледно има контакти и со некои криминалци. Но, мора да има доволно докази за да се обвини некое лице, рече портпаролката на грчката полиција.

Таа објасни дека станува збор за кривични дела зад кои стојат професионалци, а сторителите се трудат да не остават никакви траги зад себе и да не направат грешка.

– Токму затоа полициската истрага траеше толку долго, истакна Димоглиду.

Грчката полиција, како што веќе објави МИА, во петокот уапси две лица за учество во убиството на Карајваз, кој пред две години беше застрелан пред неговиот дом во атинска населба.

Од полициската истрага произлегло дека сторителот на убиството на Карајваз заедно со уште едно лице за да побегнат користеле мотор, како и комбе, кое всушност припаѓа на компанија во која одговорен бил еден од уапсените.

Дополнително, полицијата открила дека моторот и комбето биле регистрирани претходниот ден на иста релација, во исто време и на истата локација со убиството.

Карајваз, кој беше убиен на 9 април 2021 година, беше познат и искусен новинар, кој долги години следеше црна хроника и покриваше теми поврзани со полицијата, криминалот, грчката мафија, за истите теми имаше информативен портал, а паралелно работеше во претпладневна информативна емисија на телевизијата „Стар“. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поројните дождови причина за смртта на 14 лица во Пакистан

Следно

Македонските фудбалерки против Бугарија и Косово во Лигата на нации

Latest from Blog

Уапсен е педофил, кој 37 години се криел на Филипините- киднапирал и силувал 7- годишно девојче

13-тиот окружен суд во округот Хилсборо, Флорида, издаде налог за апсење на Талмаџ во март 2025 година, според соопштението за медиумите од Филипинското биро за имиграција (BI) и онлајн записите добиени од

„Шумарите“ за пенал подобри од Астон Вила, Кристал Палас чекори кон финале во КЛ (ВИДЕО)

Нотингем Форест славеше минимално со 1:0 во големото англиско дерби во полуфиналето на Лигата на Европа. Вечерва во еден навистина цврст натпревар, популарните „шумари“ дојдоа до минимална победа благодарение на досудениот пенал

Полицијата ги игнорирала предупредувањата за терористички напад пред масакрот на плажата Бонди

Навид Акрам и неговиот татко Саџид Акрам, кој беше убиен од полицијата за време на нападот на плажата Бонди, се обвинети дека пукале во недела, 14 декември 2025 година, околу десет минути

МЕПСО: Изборот на изведувач за далекуводот кон Албанија е според правилата на ЕБОР – избран е реномиран европски изведувач

АД МЕПСО соопшти дека постапката за избор на изведувач за проектот за изградба на 400 kV интерконективен далекувод со Албанија е спроведен во целосна согласност со највисоките меѓународни стандарди, правилата на ЕБРД
Go toTop