Синдикатите со два одделни првомајски маршеви во Скопје, полицијата најави посебен сообраќаен режим

May 1, 2023
1 min read

КСС и ССМ најавија два оддели протестни маршеви по повод 1 Мај. Двата протести, пак, ги поддржаа од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија порачувајќи дека е крајно време за обединување

Со два оддели маршеви, двата најголеми синдикати во земјава денеска ќе го одбележат 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот. Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) ќе го започне маршот во 10 часот, а Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во 12 часот, и на нив ќе излезат со барања за зголемени и достоинствени плати за работниците, пристојно работно време и почитување на колективните договори.

Поддршка на двата синдикалните протести најавија и од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) од каде порачаа дека е крајно време да се обединат сите синдикати. Оттаму порачаа дека нивните членови може да протестираат од 10 до 14 часот и да им се придружат и на ССМ и на КСС.

Додека траат протестните маршеви, од скопската полиција најавија дека во главниот град ќе има посебен сообраќаен режим на неколку сообраќајници во центарот на Скопје.

Одд 10 до 12.30 часот ќе има посебен сообраќаен режим поради маршот на КСС кој ќе биде со траса на движење од пред канцелариите на Конфедерацијата на улица „50 Дивизија“, по улица „Јордан Мијалков“, булевар „Климент Охридски“ па се до пред Владата на булевар „Илинден“.

Маршот на ССМ, пак, закажан за напладне, ќе почне од пред зградата каде се просториите на Сојузот на синдикати на Македонија на улицата „Мирче Ацев“, од каде ќе продолжи кон Собранието по улиците „Филип Втори Македонски“, „11 Октомври“ и „Димитрија Чуповски“, потоа кон седиштето на Стопанската комора на Македонија и ќе заврши на булевар „Илинден“ пред Владата.

Од МВР апелираа сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полицајците.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ФОТО: Првото одбележување на денот на трудот во Скопје

Следно

Курти: Нема да дозволиме нова Република Српска во Косово

Latest from Blog

Сончево и топло, температури до 38 степени

Сончево  со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната

Сиљановска-Давкова од Севиља: Потребно е фер финансирање за да се справиме со глобалните предизвици

Пристапот до праведно финансирање е клучен услов за успех и за доверливи партнерства во справување со глобалните предизвици, порачала претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањето на Четвртата меѓународна конференција за финансирање на развојот,

Шампионот на Шведска се откажа од Европа

Шведскиот ракометен шампион, Истад, нема да настапува следната сезона во евро-куповите, а причината се големите финансиски долгови на клубот. Информацијата ја потврдија и клупски претставници, кои велат дека одлуката е тешка и

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“
Go toTop