Ќе се гради градинка кај кулите „Џевахир“ во Аеродром

January 14, 2023
1 min read

Најголемата и најурбана скопска општина Аеродром ги најави капиталните инвестиции за 2023 година.

Во делот на образование ќе се инвестира во објекти кои сериозно треба да го подигнат квалитетот на образовниот процес и да обезбедат подобри услови за реализација на наставата, велат надлежните. 

Во текот на 2023 година во програмата планирана е доградба на две училишта, првото е основното училиште „Блаже Конески“ во населбата Мичурин и второто е ООУ „Гоце Делчев“ во населбата Горно Лисиче. Во делот на социјалната заштита, проблемот со недостаток на места во сместување во детските градинки го решаваме со изградба на две детски градинки. Првата градинка ќе биде во близина на кулите „Џевахир“, а вториот проект предвидува доградба на детската градинка „Пчелка“. Станува збор за два објекти кои ќе бидат енергетски ефикасни и изградени во согласност со сите стандарди за изградба на објекти од ваков тип. Објекти каде дечињата од Аеродром ќе растат во современа, здрава и чиста животна средина, појаснија надлежните. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Иранско-британскиот државјанин Алиреза Акбари погубен поради шпионажа

Следно

Елмас доби нов прекар од навивачите на Наполи

Latest from Blog

Eвропски „котел“ е БАЛКАНОТ, рече британскиот премиер по санкциите за бандите од КОСОВО И ХРВАТСКА

Британскиот премиер Кир Стармер го опиша Западен Балкан како европски „котел“, отворајќи го денеска самитот во Лондон, кој е главно фокусиран на решавање на предизвикот со миграцијата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Голема полициска акција во БиХ- уапсен е синот на моќен трговец со оружје

Томислав Зубак е уапсен поради сомнителна продажба на средства на компанијата „Витезит“, потврдено е и за сараевската Н1, а се очекува апсење на уште неколку осомничени во оваа операција, пренесе Телеграф. Во
Go toTop