ЛОУЧ, МОРЕТИ, ЏЕЈЛАН, ВЕНДЕРС, КОРЕ-ЕДА, КАУРИСМАКИ, АНДЕРСОН, БЕЛОКИО ВО ТРКАТА ЗА ЗЛАТНА ПАЛМА

April 13, 2023
1 min read

Во конкуренцијата за Златна палма на годинашниот филмски фестивал во Кан се 19 филмови, меѓу кои блескаат петте поранешни победници, британскиот режисер Кен Лоуч (добитник на Златна палма во 2006 и 2019, а ова ќе биде негово 15-то учество), Италијанецот Нани Морети (2001 добитник на Златна палма, најдобар режисер во 1994, а ова е неговото 9-то учество), Турчинот Нури Билге Џејлан (2014 добитник на Златна палма, двапати доби Гран при и еднаш наградата за најдобар режисер, а ова неговото седмо учество), германскиот режисер Вим Вендерс (1984 добитник на Златна палма, а во селекцијата е по 10. пат) и Јапонецот Хироказу Коре-еда (добитник на Златна палма во 2018 и на наградата на жирито во 2013, а по седми пат во Кан).

Во селекцијата се и петмина познати претенденти, како Италијанката Алис Рорвахер (Гран при во 2014 и најдобро сценарио во 2018, по ретпат во Кан) и Марко Белокио (неговото 8-мо учество), Финецот Аки Каурисмаки (Гран при во 2006, а петти пат во Кан) и Тод Хејнс од САД (награда за најдобар уметнички придонес во 1998, 4. пат на фестивалот) и Вес Андерсон (по ретпат во Кан). Ќе има и три режисерки: Австријката Џесика Хауснер и француските авторки Катрин Брејлат (се враќа по 2007) и Жустин Триет. Шест кандидати се за првпат во селекцијата за Златна палма (од кои двајца со документарни филмови, што е многу ретко во конкуренцијата во Кан), меѓу кои и француски режисер со виетнамско потекло Тран Ан Хунг (Златна камера во 1993 и Златен лав во 1995), и англискиот режисер Џонатан Глејзер.

Од геокинематографска гледна точка, Европа во голема мера доминира во селекцијата за со 12 филмаџии во трката за Златната палма: четворица од Франција (Брејлат, Триет, Си и Ан Хунг), тројца од Италија (Рорвахер, Морети и Белокио), двајца од Англија (Лоуч и Глејзер), еден од Австрија (Хауснер), еден од Финска (Каурисмаки) и еден од Германија (Вендерс). Северна Америка ќе има двајца претставници (Хејнс и Андерсон), како и Азија (Коре-еда и Ванг Бинг), додека Африка и Јужна Америка ќе имаат по еден (Бен Ханија и Аинуз), а Билге Џејлан е означен како азиско-европски. Има вкупно шест режисерки.

Во својата трета година од постоењето, програмата Канска премиера (која е намалена во обем) ќе понуди дела од шпански режисер Виктор Ерис, Јапонецот Такеши Китано и Французите Мартин Провост и Кател Квиљере. Големи филмови се вон конкуренција, со „Жана де Бари“ од францускката режисерка Мајвен кој ќе го отвори фестивалот, краткиот филм „Чуден начин на живот“ на Педро Алмодовар и три американски: „Убијци на Цветната Месечина“ од Мартин Скорсезе, Индијана Џонс и бројчаникот на судбината“ од Џејмс Манголд и „Идолот“ од Сем Левинсон.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Икарди има четири понуди да се врати во Серија А

Следно

Ројтерс: Припадник на Националната гарда на САД осомничен за протекувањето на документите на Пентагон

Latest from Blog

Божиновска: Соларната енергија е сегашноста, но мора да има повеќе ред, планирање и предвидливост

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ја отвори петтата Годишна соларна конференција, во организација на Македонската соларна асоцијација – Солар Македонија, која ги обединува компаниите, инвеститорите и експертите од

Божиновска: Благодарност за искрената и конструктивна соработка со амбасадорот Лосон

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, остварила проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Н.Е. Метју Лосон, по повод завршувањето на неговиот дипломатски мандат во Македонија. Божиновска му се

Хавиер Агуире е нов тренер на Валенсија

Хавиер Агуире и официјално е нов тренер на Валенсија. Шпанскиот клуб денеска ја потврди информацијата која во изминатите денови беше најавувана, па искусниот мексикански стратег повторно се враќа на тренерската работа во
Go toTop