Милијарда евра одобрени за набавка на муниција за Украина

April 13, 2023
1 min read

Советот на Европската унија денеска во рамките на Европскиот фонд за мировна помош (ЕПФ) одобри една милијарда евра кои треба да им бидат исплатени на земјите-членки како компензација за трошоците за муниција донирана на Украина од постоечките залихи.

„Со денешната одлука го операционализираме првиот дел од историскиот договор постигнат од лидерите на ЕУ за итна испорака на артилериска муниција во вредност од една милијарда евра за украинските вооружени сили. Нема подобар доказ за заедничката определба на ЕУ да продолжи да го поддржува легитимното право на Украина на самоодбрана од бруталниот руски агресор“, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Лидерите на ЕУ на нивниот самит во март го поддржаа планот за набавка на еден милион артилериски гранати од 155 милиметри во текот на следната година.

За таа цел, од Европскиот инструмент за мировна помош беа обезбедени една милијарда евра за набавка на муниција од постоечки залихи и уште една милијарда за нарачка на муниција од калибар 155 мм за пополнување на исцрпените залихи.

Во рамките на Европскиот инструмент за мировна помош досега на Украина и е доделена помош во износ од 4,6 милијарди евра, вклучувајќи ја и денешната одлука.

ЕПФ е основана во 2021 година како вонбуџетски фонд за поддршка на партнерите ширум светот на полето на војската и одбраната, со крајна цел спречување конфликти, зачувување на мирот и зајакнување на меѓународната безбедност и стабилност. (МИА)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ: Единствената цел на Приштина се провокации за да нè вовлечат во војна со НАТО

Следно

Дел од паркиралишта на „Градски Паркинг“ слободни за паркирање во петок

Latest from Blog

Министерството за енергетика ги реализира планираните чекори од Реформската агенда 2024–2027

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини активно ја спроведува Реформската агенда 2024–2027 во областа на енергетската транзиција, истовремено реализирајќи ги реформските активности и усогласувајќи ја националната регулатива со европското законодавство. Како

Берзански извештај: Индексот МБИ10 во благ пад, промет од 7,4 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.07.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.423,43 поени. Во

Божиновска: Инвестиции во енергетска обнова и мерки за пониски трошоци за граѓаните

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, информираше дека Министерството интензивно работи на реализацијата на обврските од Реформската агенда, нагласувајќи дека реформите се оценуваат преку конкретни резултати, политики и инвестиции
Go toTop