Најголемиот турски воен брод „ТЏГ Анадолу“ испорачан на Турската воена морнарица

April 11, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Најголемиот турски воен брод „ТЏГ Анадолу“ официјално ѝ е испорачан на Турската воена морнарица, јавува Анадолу.

На церемонијата на испорака на бродот во бродоградилиштето во Истанбул присуствуваа највисоки државни претставници, меѓу кои и претседателот Реџеп Таип Ердоган и државните министри.

Ердоган во своето обраќање истакна дека најголемиот турски воен брод дополнително ќе ја зајакне позицијата на Туркије во регионот.

„Воениот брод ‘ТЏГ Анадолу’ го гледаме како симбол што ќе ја зајакне нашата водечка позиција во овој регион и дополнително ќе го зајакне нашето право на глас во светот“, рече турскиот претседател.

Додаде дека овој воен брод е специфичен по многу нешта.

„’ТЏГ Анадолу’ е првиот воен брод во светот во својата категорија на кој може да слетуваат и полетуваат најголемите и најтешките хеликоптери и беспилотни летала“, рече Ердоган и додаде:

„Нашиот ‘ТЏГ Анадолу’ го красат карактеристики што, во случај на потреба, ќе ни овозможат изведување воени и хуманитарни операции во секој дел од светот.“

Нагласи дека се многу горди на ова големо достигнување на Република Туркије.

„Фактот дека Туркије е една од десетте земји што дизајнираат, развиваат и одржуваат сопствен брод не е обичен слоган, туку успех со кој треба да се гордееме“, рече турскиот претседател.

Изградбата на воениот брод „ТЏГ Анадолу“ започна во април 2016 година и завршена е по седум години.

Ердоган истакна дека воениот брод ќе биде од огромна корист за Туркије.

„Но ова не е доволно. Нашата втора фаза е да изградиме цел носач на авиони. Веќе разговаравме со многу земји за тоа, работиме на тоа и ќе го постигнеме тоа“, рече Ердоган.

Додаде дека 70 отсто од воениот брод „ТЏГ Анадолу“ е изграден со локални капацитети.

Бродот „ТЏГ Анадолу“ може да пренесе единици со големина на баталјон на одредена локација со сопствена логистичка поддршка, без потреба за поддршка од матична база. Изграден во истанбулското бродоградилиште Седеф, овој воен брод може да превезува хеликоптери, дронови, копнени возила, лесни воени пловила и персонал.

Воениот брод „ТЏГ Анадолу“ е долг 231 метар и широк 32 метра, а може да превезува товар од околу 27 илјади тони.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПРАИЗВЕДБА НА „ВЕЌЕ НЕ Е НИ СМЕШНО“ ОД КОКАЛАНОВ, ВО РЕЖИЈА НА ЈАНИЌИЈЕВИЌ ВО ТЕАТАР КОМЕДИЈА

Следно

Бајден го потпиша нацрт-законот со кој се става крај на националната вонредна состојба за КОВИД-19

Latest from Blog

Лекари: Состојбата на генералот Алексеев е сериозна, но стабилна, не е во животна опасност

„Неговата состојба е сериозна, но стабилна. Нема опасност по неговиот живот и тој е свесен“, изјави неименуван извор. Генерал-потполковник Алексеев, прв заменик-началник на Генералштабот на руските вооружени сили, беше убиен во станбена

Д-р Чибишев: Ова со марихуаната е невиден криминал, категорично бев против легализацијата и сум бил во право!

Во 2015 година кога се праваше притисок за легализирање на марихуаната, односно маслото од канабис, и кога дел од јавноста сметаше дека тоа е можеби спасоносно решение за болните од рак, што

Шокантно откритие: Советник на министер влијаел на обвиненија, тврди обвинителката Кадриу

Советникот имал информации од истрага која според законот морала да биде тајна а за него досега не е поведена постапка за одговорност Советникот имал информации од истрага која според законот морала да

Екс-обвинителката во СЈО Лејла Кадриу открива: Мистериозен советник на министер нарачувал обвиненија

Советникот имал информации од истрага која според законот морала да биде тајна а за него досега не е поведена постапка за одговорност Советникот имал информации од истрага која според законот морала да

Меџити од Камењане: ВЛЕН се обединува во силен политички субјект

Претседателот на Демократско движење и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, синоќа во Камењане оствари средба со структурите на Демократско движење – ВЛЕН, при што ја истакна силната организациска поставеност и
Go toTop