Иран се надева на нормализирање на односите со Саудиска Арабија

January 13, 2023
1 min read

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан изјави денеска во Бејрут дека се надева на нормализирање на односите со Саудиска Арабија, што ќе овозможи повторно отворање на амбасадите на двете регионални сили кои се затворени веќе седум години.

Дијалогот меѓу шиитскиот Иран и сунитската Саудиска Арабија започна во Багдад, а последната средба се одржа во април 2022 година. Иранскиот министер потоа накратко се сретна со својот саудиски колега на регионален состанок во Јордан во декември 2022 година.

– Позитивно гледаме на враќањето на нормалните односи со Саудиска Арабија што ќе доведе до повторно отворање на претставништвата и амбасадите во Техеран и Ријад, во рамките на дијалогот меѓу двете земји, кој треба да продолжи, рече Абдолахиан на прес-конференција.

Изјавите на министерот, кој пристигна во Бејрут синоќа се дадени во време кога Иран, потресен од бран протести, ги обвинува своите „непријатели“, предводени од САД, за поттикнување на протестите и ја истакнува улогата на Саудиска Арабија во финансирање на „непријателски“ весници на персиски јазик во странство.

Во ноември Техеран го повика Ријад да го промени своето „непријателско“ однесување и им се закани на соседите на Иран, вклучително и Саудиска Арабија, да одговорат на секој обид за дестабилизација на земјата.

Двете земји ги прекинаа односите пред седум години, по нападите врз саудиските дипломатски претставништва во Исламската Република, откако Ријад погуби истакнат шиитски верски водач.

Техеран и Ријад ги поддржуваат ривалските страни во неколку конфликти во регионот, вклучително и во Јемен. Иран има поголемо влијание во Ирак и Либан и го поддржува режимот на претседателот Башар ал Асад во Сирија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

МВР распиша меѓународна потерница по избеганиот затвореник Беким Мемети

Следно

Мицкоски во Кичево: Народот бара промени, нема човек кој е задоволен од оваа влада- Промените ќе дојдат и ние заедно ќе се избориме

Latest from Blog

ФОТО: Овие бои ќе ја одбележат есента 2025 година

Модните трендови за есента 2025 година носат палета која комбинира топлина, елеганција и младешка свежина. Боите што ќе ја одбележат сезоната го најавуваат враќањето на луксузните земјени тонови, нежните пастелни нијанси и

Пикфорд уште долго ќе биде дел од Евертон

Иако неговиот актуелен договор со Евертон е до 2027 година, сепак, Џордан Пикфорд искусниот голман уште долго време ќе биде дел од овој клуб. Евертон планира да му понуди нов договор, што

Путин: Не гледам поента во средба со Зеленски, со Украина е тешко да се постигне договор

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денес дека не гледа многу смисла во средбата со неговиот украински колега Володимир Зеленски, каде што би се разговарало за крајот на војната во Украина, објави „Киев

Салата со бело сирење и лаванда: Невообичаена комбинација од мирис и вкус

Парче бело сирење носи совршена рамнотежа помеѓу блага соленост и кремаста текстура, што ја прави оваа салата особено вкусна. Нејзината хранлива вредност и богатството со протеини се идеални за лесни, но заситувачки

Меџити: На 19 октомври победува иднината на Чаир

Скопје – Првиот вицепремиер и кандидат за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, вечерва оддржа собир во населбата Серава, кој прерасна во „трибина со ентузијазам, енергија и верба во победата“. „На 19
Go toTop