Маричиќ: Партиите нека не се плашат, не гледам зошто да не учествуваат во работната група за уставни измени

April 7, 2023
1 min read

Секретаријатот за европски прашања (СЕП), со кој раководи тој, исто така доби покана да номинира свој претставник во работната група. Вицепремиерот не сака да открива кои имиња се во игра, но в понеделник најави дека тоа ќе биде дефинирано и ќе соопштат кого ќе номинираат

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска ги повика политичките партии да номинираат свои претставници во работната група за уставни измени, за што рокот што го даде Министерството за правда истекува в понеделник (10 април).

„Јас не гледам причина која било партија да одбие учество во тој процес. Ние ќе се трудиме и понатаму да ги убедиме дека треба да учествуваат во ова во кој било формат. Кој потврдил, кој не, треба да прашате во Министерството за правда бидејќи тие го водат процесот. Навистина е неблагодарно да зборувам во нивно име“,

рече Маричиќ на заедничка прес-конференција во Скопје со српската министерка за евроинтеграции Тања Мишчевиќ.

Логично е прашањето, вели тој, зошто е валидно да се соопштуваат ставовите на прес-конференции и преку изјави секојдневно, а е проблематично истите тие ставови или некои други да се изнесат и дискутираат во работната група.

„Мислам дека е многу попрактично, поодговорно и подобро и за државата и за граѓаните да земат учество сите политички партии, да не се плашат и да земат учество. Бидејќи и јавно ги изнесоа ставовите, тие ставови да ги соочиме во работната група и да видиме дали можеме да дојдеме до едно заедничко решение, најдобро решение и да изградиме еден македонски модел за вградување на овие три заедници кои се заинтересирано да влезат во преамбулата на Уставот. Сметам дека на тој начин ќе се демистификува процесот повеќе отколку ако го задржиме на ниво на дневни изјави и политички препукувања. Ние постапуваме одговорно, ја поставуваме масата за разговор и ги каниме сите да седнат и да разговараме“,

вели Маричиќ.

Секретаријатот за европски прашања (СЕП), со кој раководи тој, исто така доби покана да номинира свој претставник во работната група. Вицепремиерот не сака да открива кои имиња се во игра, но в понеделник најави дека тоа ќе биде дефинирано и ќе соопштат кого ќе номинираат.

„СЕП ќе земе активно учество во таа група, сè уште немаме дефинирано кој ќе нè претставува, но најдоцна во понеделник ќе испратиме допис до Министерството за правда со кој ќе номинираме лице. Секако ќе биде лице со искуство и лице кое долго работи по тие прашања и може да даде придонес во работната група“,

најави Маричиќ.

Тој посочи дека се разговарало со повеќе експерти за да учествуваат во процесот, но дел од нив сè уште официјално не потврдиле или не добиле официјална покана. Тоа, вели, беа неформални разговори, но смета дека ќе има квалитетна група која ќе работи на уставните измени.

Покрај СЕП, од другите институции, Министерството за правда испрати допис да номинираат свои претставници-експерти и Министерството за надворешни работи и кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, како и сите партии во парламентот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД ги кочи плановите за внесување на Украина во НАТО

Следно

Бразилската Влада ќе креира национална политика за борба против насилството во училиштата

Latest from Blog

Барселона со голем гест по тешката повреда на Кристенсен

Барселона презема практични чекори за да го поддржи Андреас Кристенсен, на кого му е дијагностицирано делумно кинење на вкрстените лигаменти, бидејќи раководството на клубот работи на продолжување на неговиот договор. Се очекува

Полска пресретнала руски авион над Балтикот, воздушниот простор бил нарушен од Белорусија

Полска испрати борбени авиони да пресретнат руски извидувачки авион кој летал во близина на нејзиниот воздушен простор над Балтичкото Море и соопшти дека десетици објекти пристигнале од Белорусија преку ноќ. „Утрово, над

За овие хороскопски знаци, 2026 година ќе биде година од соништата за заработка

За пет хороскопски знаци, 2026 година ќе биде период кога универзумот неуморно ќе работи во нивна корист. Парите ќе се размножуваат преку мали навики што едвај ги забележувате, а позитивниот став ќе

ВЛЕН: Царината со рекордни приходи – над 100 милиони евра во државниот буџет

Државните институции можат да бидат ефикасни и во служба на граѓаните кога се водат со одговорност и професионализам. Царинската управа на Република Северна Македонија бележи конкретни и мерливи резултати, со над 100
Go toTop