Акција „Армагедон“ на српската полиција: Уапсени 12 педофили, демнеле деца на интернет и договарале средби со нив

April 6, 2023
1 min read

Сомнежите се дека тие подолго време преку интернет преземале, снимале на уреди и споделувале содржини направени со искористување деца во порнографски цели

Српската полиција соопшти дека во рамките на акцијата „Армагедон“ вчера биле уапсени 12 осомничени за педофилија и поседување содржини со детска порнографија.

„Осомничените се уапсени за постоење основан сомнеж дека извршиле кривични дела набавка, прикажување и поседување порнографски материјал со детска порнографија, искористување малолетници за порнографија и сексуално вознемирување. Уапсени се П. Р. (47) од Вршац, С. И. (44) од Белград, Д. Ф. (51) од Бечеј, П. Г. (45) од Ада, Л. Р. (62) од Бачка Топола, Ј. С. (51) од Прокупље, С. В. (62) од Велико Градиште, Е. Г. (48), В. Д. (34), С. П. (34) од Нови Сад, У. С. (34) од Шабац и Д. М. (49) од Крагуевац“,

соопшти полицијата.

Сомнежите се дека тие подолго време преку интернет преземале, снимале на уреди и споделувале содржини направени со искористување деца во порнографски цели. Исто така, полицијата се сомнева дека тие преку социјалните мрежи и мобилни апликации стапувале во контакт со деца и од нив набавувале содржини направени со искористување деца за порнографија, соопшти српската полиција.

„Осомничени се дека договарале и оствариле средби со малолетници со цел стапување во сексуални односи. На осомничените им е одредено задржување до 48 часа и тие, со кривична пријава, ќе бидат изнесени пред надлежното обвинителство“,

соопшти српското министерство за внатрешни работи.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Северна Кореја: Вежбите меѓу САД и Јужна Кореја водат до нуклеарна војна, ние ќе одговориме

Следно

Умерен земјотрес регистриран во југоисточен Пацифик

Latest from Blog

Сирски: Украина минатиот месец повратила 50 квадратни километри од територијата

Украина во текот на март ја повратила контролата врз речиси 50 квадратни километри територија окупирана од Русија, изјави денеска началникот на Генералштабот на украинската армија, Олександр Сирски, потпирајќи се на своите успеси

Димитриеска-Кочоска: Стратешкиот дијалог со САД носи стабилност и економски раст

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска во Стејт департментот оствари работна средба со заменик помошник-државниот секретар задолжен за Европа, Даниел Џ. Лоутон. На средбата биле разгледани понатамошните активности во рамки на Стратешкиот
Go toTop