Млад скопјанец репетирал автоматска пушка во казино откако изгубил на апаратите

April 5, 2023
1 min read

Откако претходно изгубил играјќи на ВЛТ апарати во казино во скопската населба Маџари, 27-годишен скопјанец излегол од казиното, но по кратко време се вратил и од под јакната извадил автоматска пушка, при што од вработените изнудил паричен износ од 22.500 денари.

Основното јавно обвинителство – Скопје информира дека е донесена наредба за спроведување истражна постапка против лицето за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“.

– Осомничениот на 30 јануари, во казино на улицата „Жан Жорес“ во населбата Маџари, откако претходно изгубил парични средства додека играл на ВЛТ апарати, излегол од казиното и си заминал, но по кратко време се вратил и од под јакната извадил автоматска пушка. Оружјето го насочил кон оштетените вработени и го репетирал, влегол зад пултот и побарал да му ги дадат парите. Еден од вработените му дал паричен износ од 22.500 денари по што осомничениот си заминал, се наведува во соопштението.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот​.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Драконска казна за Александар Митровиќ од ФА

Следно

(ВИДЕО) Трамп по историското апсење: Америка оди по ѓаволите

Latest from Blog

СЕ ТРЕСЕШЕ ТЛОТО ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ ОД ЗЕМЈАВА, еве каде е епицентарот

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда,

ВЛЕН: 24 месеци отчетност, реформи и конкретни резултати

ВЛЕН одбележа 24 месеци учество во Владата под мотото „Транспарентност и отчетност“, истакнувајќи дека изминатите две години се обележани со конкретни реформи, реализирани проекти и политики насочени кон подобрување на животот на

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква
Go toTop